Трамп е отстранет од гласачкото ливче на претседателските прелиминарни избори во Мејн

December 29, 2023
1 min read

Кампањата на Трамп соопшти дека брзо ќе поднесе приговор за оваа одлука, а неговите  адвокати оспоруваат дека тој учествувал во немири

Државата Мејн го отстрани поранешниот претседател Доналд Трамп од гласачкото ливче на прелиминарните избори во 2024 година. Мејн е втората држава што забрани поранешниот претседател да биде во прелиминарната трка. Причината за ваквата одлука е улогата на Трамп во нападот што неговите поддржувачи го извршија на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година. Од истата причина, во текот на овој месец и Врховниот суд во Колорадо донесе одлука со која го отстрани Трамп од гласачкото ливче на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март.

Кампањата на Трамп соопшти дека брзо ќе поднесе приговор за оваа одлука, а неговите  адвокати оспоруваат дека тој учествувал во немири.

„Демократите во сините држави непромислено и неуставно ги суспендираат граѓанските права на американските гласачи со обидот накратко да го отстранат името на претседателот Трамп од гласачкото ливче“,

вели портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг.

Шефот на законодавниот дом на сојузната држава Мејн, демократката Шена Белоус во одлуката вели дека има законска обврска да се придржува до забраната за бунт од 14-тиот амандман и да го отстрани Трамп од примарното гласање.

„Заклетвата со која се заколнав дека ќе го почитувам Уставот е пред сè, а мојата должност според изборните закони на Мејн е да гарантирам дека кандидатите кои се појавуваат на првичните избори се квалификувани за функцијата што ја бараат“,

рече таа.

Објаснувајќи го своето размислување, Белоус вели дека имало убедливи докази дека бунтот на 6 јануари се случил по налог на Трамп – и дека американскиот Устав „не толерира напад врз темелите на нашата влада“.

Одлуката уследи откако група поранешни пратеници од Мејн рекоа дека Трамп треба да биде дисквалификуван врз основа на одредбата од Уставот на САД со која се забранува лице да ја извршува функцијата доколку учествувало во „бунт“ откако претходно се заколнал дека ќе им служи на САД. Тие во соопштението велат дека Белоус „застана на страната на демократијата и нашиот устав со својата одлука“.

Одлуката се однесува само на првичните избори во Мејн во март, но може да влијае на шансите на Трамп да победи на претседателските избори во ноември.

Групите за човекови права и некои гласачи против Трамп ја оспоруваат неговата кандидатура во неколку држави.

За разлика од постапката во другите сојузни држави, Белоус, кој ги надгледува изборите во Мејн, донесе првична одлука за дисквалификување на Трамп пред судот да се произнесе за прашањето.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Приведен скопјанец – по сообраќајка ги нападнал учесниците во несреќата

Следно

Севернокорејскиот лидер нареди приправност за војна против САД

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop