Трамп денес ќе се состане со Нетанјаху во Белата куќа

July 7, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес во Белата куќа ќе се состане со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу.

Нетанјаху вчера од Тел Авив замина за Вашингтон, каде што ќе разговара за регионални прашања, вклучително и за договорот за прекин на огнот во Газа.

Во својата трета посета на САД во рок од шест месеци, се очекува Нетанјаху да се сретне и со високи претставници на американската администрација и членови на Конгресот од двете партии.

Претходно, Трамп за новинарите изјави дека постои „добра шанса“ оваа недела да се постигне договор за ослободување на заложниците од Газа и прекин на огнот со палестинската група Хамас.

На прашањето за неговата порака до Нетанјаху, тој рече: „Работиме на многу работи со Израел, а една од работите е веројатно траен договор со Иран“.

Нетанјаху ќе се соочи со бран протести за време на престојот во САД.

Пропалестинските демонстранти ја осудуваат неговата посета на главниот град и бараат да се стави крај на американската поддршка на тековната војна на Израел во Појасот Газа.

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, Израел од октомври 2023 година спроведува геноцидна војна во Газа, убивајќи повеќе од 57.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре невреме со пороен дожд и грмежи – од среда значително опаѓање на дневната температура

Следно

Продадени околу 13.000 билети за Ф4 во ЛШ во 2026 година

Latest from Blog

Со концертот „Бесмртна“: Бојана Скендеровски заокружи едно животно и уметничко поглавје

Вчеравечер во Филхармонија не се одржа само концерт, вчеравечер се случи едно долго чекано признание… Признание на времето, на истрајноста и на сонот што тивко растел, цели 23 години. Бојана Скендеровски конечно

Бројот на жртви во нападот во Сиднеј се искачи на 16 лица – напаѓачите биле татко и син

Полицијата во Нов Јужен Велс потврди дека 16 лица, вклучувајќи го и еден вооружен човек, се убиени во пукотница на плажата Бонди во Сиднеј. Другиот напаѓач е во критична состојба. Полицискиот комесар
Go toTop