Трамп: Ако јас бев претседател, Русија никогаш немаше да ја нападне Украина

May 11, 2023
1 min read

Поранешниот претседател на САД во интервјуто за Си-ен-ен одби да се изјасни кој би сакал да излезе како победник во конфликтот во Украина, а не сакаше да одговори конкретно ниту на прашањето дали смета дека рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник. Сепак, Трамп рече оти според него, Путин направил грешка со влегувањето во Украина и дека ако повторно биде избран во Белата куќа за 24 часа ќе стави крај на конфликтот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вели дека Русија никогаш немало да ја нападне Украина доколку тој бил претседател на САД. Ова Трамп го изјави во интервју за Си-ен-ен, а говорејќи во истиот контекст, тој рече дека доколку повторно биде избран за претседател догодина, ќе преговара за решение на кризата во рок од 24 часа.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервјуто за Си-ен-ен/Фото: Принтскрин

„Ако повторно станам претседател, таа војна ќе ја решам за еден ден, за 24 часа. И двајцата претседатели, (Владимир) Путин и (Володомир) Зеленски, имаат слабости и силни страни, но ви велам, во рок од 24 часа, таа војна ќе се реши. Ќе биде готово, ќе биде апсолутно готово“,

рече Трамп во интервјуто.

И покрај неколкуте обиди на новинарката на Си-ен-ен, Кејтлан Колинс, да извлече одговор, поранешниот претседател на САД одби да се изјасни кој би сакал да излезе како победник во конфликтот во Украина.

„Не мислам на победа или пораз, мислам на тоа да се реши… Сакам сите да престанат да умираат“,

рече Трамп.

Тој не сакаше да одговори конкретно ниту на прашањето дали смета дека рускиот претседател е воен злосторник во контекст на војната во Украина, наведувајќи дека тоа е нешто за кое треба да се разговара подоцна.

„Ако кажете дека е воен злосторник, ќе биде многу потешко да се склучи договор за да се запре оваа работа. Ако тој биде прогласен за воен злосторник, луѓето ќе го грабнат и ќе го погубат, тој ќе се бори многу пожестоко отколку под други околности. Тоа е нешто за што ќе разговараме подоцна“,

рече Трамп.

Сепак, според негова оценка, рускиот претседател направил грешка со влегувањето во Украина.

„Неговата грешка беше што влезе внатре. Тој никогаш немаше да влезе ако јас бев претседател“,

рече поранешниот американски претседател.

Трамп претходно најави дека планира да се кандидира за уште еден претседателски мандат на претседателските избори во САД кои треба да се одржат во ноември следната година. Во прилог на ова оди и поддршката што ја има во таборот на Републиканската партија.

Во врска со војната во Украина, анкетите, како што наведува Би-би-си, покажуваат сè поголема огорченост кај републиканците поради американската поддршка на Киев.

Иако некои републикански функционери и администрацијата на Бајден ветија континуирана поддршка за украинскиот претседател Володимир Зеленски, сè појасно е дека второто претседателство на Трамп, доколку се случи, ќе означи решителна промена во американската политика, оценува британскиот национален сервис.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во новите израелски напади на Газа загинаа три лица

Следно

Иран и Ирак потпишаа договор за енергетска соработка

Latest from Blog

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се
Go toTop