Трајков: Нашиот народ по цели две декади чекање пред портите на ЕУ е веќе изморен и очекува нова, посветла иднина

May 7, 2025
1 min read

„Цели генерации израснаа со сонот да бидеме и ние дел од големата Европа. Нашиот народ по цели две декади чекање пред портите на ЕУ е веќе изморен и очекува нова, посветла иднина. Изморени сме од ветувања и од условувања преку коишто не сме подготвени да преминеме. Новата Влада постави црвена линија. Црвената линија е нашиот македонски идентитет, кој нема да дозволиме да биде обременет со билатерализација. Но, иако, предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ, ние немаме друг избор освен да продолжиме цврсто напред! Пред нас имаме зацртано една цел-а тоа е да сториме се што е можно за да го реализираме сонот за европска Македонија!“, истакна заменик-министерката за европски прашањa, Викторија Трајков, во своето обраќање на 28-миот Евроазиски Економски Самит кој се одржува во Истанбул, а на кој учествуваат високи државни претставници од повеќе балкански држави. 

Заменик-министерката за европски прашањa, Трајков, потенцираше дека евроинтеграцискиот процес напоредно со економскиот развој е еден од врвните приоритети на Владата, приоритет на којшто посветено се работи. Таа нагласи дека во текот на „нашиот долг и трнлив пат кон ЕУ“, Македонија била соочена со низа предизвици, кои довеле до промена на Уставот, името, банкнотите.

„Направивме многу, а не го добивме тоа што го заслуживме и што го очекувавме. Наш врвен приоритет е реализацијата на европската агенда и имплементација на реформите со што ќе го олесниме пристапниот процес во ЕУ. Свесни сме дека Унијата од нас очекува конкретни резултати и затоа сме подготвени да го вложиме нашиот целокупен човечки и институционален потенцијал за час-поскоро да станеме дел од европското семејство. Факт е дека нашата стратешка определба да станеме дел од Европската унија е наш приоритет, но, исто така, факт е и дека нашето придвижување кон ЕУ не секогаш зависело или зависи од нас“ рече Трајков. 

Истакнувајќи дека Владата ги променила работите на подобро, заменик-министерката за европски прашања, Трајков додаде дека си поставиле цели кои не се лесни, но се остварливи. 

„Со сите наши капацитети и потенцијали се вложивме за да ги зацврстиме нашите позиции, нашите пријателства и да обезбедиме нови партнерства.

Поведовме одлучна борба против криминалот и корупцијата. Работиме напорно и посветено да ги подобриме состојбите во сите сфери бидејќи нашите граѓани тоа го заслужуваат! Заслужуваат подобар живот, европски живот, кој сме подготвени да го обезбедиме преку реализација на Реформската агенда, на којашто работиме и ќе продолжиме да работиме! Само здружено и обединето можеме да постигнеме се!“ порача заменик-министерката за европски прашања, Трајков на 28-миот Евроазиски Економски Самит.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пауновиќ реши: 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица

Следно

Започнува процесот на избор на папа, кардиналите на претконклавна миса во Ватикан

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop