Трајков: Континуираната поддршка од Унгарија ни помага на патот кон ЕУ

March 4, 2025
1 min read

Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков денеска, во рамките на работната посета на Унгарија каде учествуваше на унгарско – македонскиот меѓувладин самит во Будимпешта, се сретна со унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока.

Фокус на средбата беше ставен на интензивирање на взаемната соработка меѓу двете земји и размена на експертиза на полето на евроинтеграциите. На состанокот заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Трајков ја потенцираше контиуираната поддршка која нашата држава ја добива од Унгарија на патот кон ЕУ.

При тоа, заменик-министерката за европски прашања, Трајков се заблагодари на унгарскиот министер за европски прашања, Бока за помошта од Унгарија со којашто се отворат нови можности за развој на нашата држава.

Заеднички беше потенцирана подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу двете земји во повеќе сектори, со што ќе се забрзаат реформските процеси на нашата држава, а со тоа и ќе се олесни пристапниот процес.

На состанокот беше заклучено дека Унгарија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во реализација на процесите за што поскоро приклучување кон ЕУ. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Николоски – Лазар: На Македонија и се потребни пријатели како Унгарија, ја унапредуваме соработка

Следно

АХВ: Најдени колиморфни бактерии во минерална вода увезена од Косово

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop