Трајановски: СДСМ не ги завршија патиштата затоа што беа заложници на ДУИ

January 16, 2025
2 mins read

Јавна тајна е дека двете експресни сообраќајници не беа завршени, а можеби и никогаш немаше да бидат завршени заради фактот што ДУИ немаше интерес во делниците Страцин-Крива Паланка и Градско-Дреново. Причината е јасна и бизарна – немале членство таму, односно не би добиле гласови со овие експресни патипшта. Потврда на сомнежот во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски даде и директорот на ЈПДП Коце Трајановски, кој во рок од десетина дена и по само шест месеци на функцијата со многу работа и труд успеја да ги пушти во употреба делниците Страцин – Крива Паланка и Градско – Дреново.

-„Може и од тој аспект да се гледа, со оглед на тоа дека директорот на Јавното претпријатие за државни патишта беше од ДУИ. Во една прилика, ова е неофицијално има речено „Па слушај, ние немаме гласови таму, нека си оди работата, нека си тече, ама без голем притисок.“ Значи, без голем притисок кон изведувачите, кон надзорот, кон подизведувачите и сето тоа, така што и тука можеме да најдеме некоја поента во незавршувањето на патиштата“ посочи Трајановски, кој цени дека главната поента е дека оние луѓе кои што биле на власт од СДСМ, кои биле задолжени за работите, ресорното министерство и  функционерите од тој крај можеле да направат еден поголем притисок за да тоа се заврши. Но, никогаш не го сториле тоа.

-„Велат дека асфалтото бил направен во нивно време на Страцин-Паланка, но јас бев многу јасен и прецизен во својот говор – во делот на компанијата „Штрабак“ од 15.5 километри, немаше ниту еден сантиметар квадратен асфалт! Дури и земјените и тампонските работи не беа завршени“, потенцира Коце Трајановски.

На фалбите на СДСМ дека тие цели завршиле цели 92 насто од правецот Градско-Дреново, Трајановски посочува дека малку е комично по една година целосен застој да тврдите дека само осум насто останале за пуштање на експесниот пат.

-„Малку е смешно, ако вие само за тие осум насто не сте успејале да го завршите за година дена, во тој случај се рпашуваме кога би ги завршиле тие 8%, со оглед на тоа дека година дена пред јас да дојдам за директор на ЈПДП, година дена компанијата „Штрабак“ беше повлечена од оваа траса – значи немаше вработени, немаше опрема, немаше механизација, се’ беше оставено. Имаше два анекси, не беа потпишани, а бидејќи ова е преку ИПА фондовите, 71% е од ИПА грант, односно 28 милиони евра од вкупно 37,5 милиони, а останатото е финансирање од државата. Кога дојдовме на позиција, со ангажирање на министерството за финансии, на министерството за транспоорт и министерот Николоски и мое ангажирање, успејавме да го надминеме тој проблем, тие два анекси да се потпишат, работеше еден голем тим на луѓе 20 до 30 дена и заедно со ЕК делегацијата тоа се прифати и почна да се плаќа. Во прашање беа околу 13.5 милиони евра, не беа ни исполатени. Сега, како можеш ти да кажеш дека си завршил 92%, а само 8% не си завршил, а практично година дена не се работеше, беше стопиран тој пат“ објасни Трајановски во емисијата на ТВ Алфа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директор на комунално претпријатие од Гази Баба обвинет за проневера во службата

Следно

Хамас ги негира тврдењата на Нетанјаху, вели дека е посветен на договорот за прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop