Трајаноски: Обидот на Вучиќ да ги дискредитира студентските протести, потсетува на едно мрачно време во Македонија

December 24, 2024
1 min read

Сериозни проблеми со цензурата, пропагандата и лоша економска ситуација, во својот Фејсбук статус Жарко Трајаноски,  раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА детално ги опиша состојбите кои го шокирале за време на неговото патување во Белград.

„Кога пребарував за Асад и Сирија на англиски, шокирано видов дека на првата страница на Гугл немаше ниту еден прозападен извор. Цензурата беше очигледна“, истакна Трајаноски, нагласувајќи ја загриженоста поради информациската блокада која ја доживеал во српската престолнина.

Трајаноски исто така ја критикуваше радио пропагандата, според која бил потсетен на времето на Слободан Милошевиќ.

„Радиото ми потсети на времето на Слобо, кога медиумите беа под строга контрола“, додава Трајаноски, зборувајќи за стилот на известување во Србија, кој според него има за цел да ја манипулира јавноста.

Што се однесува до секојдневниот живот, Трајаноски изрази загриженост за високите цени на горивата и сообраќајниот хаос.

„Цените на горивата се до небо, и не поминува ден без да се слушне некој како го проколнува Вучиќ за пљачкањето преку руски енергенси“, вели Трајаноски, додека го опишува Белград како град во кој владее општа депресија. „На враќање, Скопје ми изгледаше ко пристоен град“, додава тој, нагласувајќи ја разликата во амбиентот помеѓу двете престолнини.

Трајаноски исто така забележа дека рускиот јазик во Белград е сѐ поприсутен, посочувајќи дека „на Синеплекс има посебни претстави на руски јазик“, што го спореди со употребата на грчкиот во Гевгелија. „Рускиот ми изгледаше како грчкиот во Гевгелија – насекаде“, истакнува тој.

Не пропушти и да го критикува проектот „Београд на води“, кој го смета за кинеско предградие: „Тоа изгледа како кинеско предградие, а Кинески културен центар во Нов Белград е само уште еден доказ за присуството на Кина во Србија“, изјави Трајаноски, додавајќи дека во Белград се чувствува голем степен на зависност од Кина.

Иако критикуваше многу аспекти од животот во Србија, Трајаноски се осврна и на протестите на студентите, кои, како што вели, заслужуваат поддршка.

„Големо браво за студентите. Ме јаде само тајмингот. Се надевам дека протестите нема да издишат како што се случи со квази-отпорот во Македонија по Црниот понеделник во 2012 година“, изјави Трајаноски.

Критиките на српската пропаганда која се обидува да ги дискредитира протестите, според него, потсетуваат на мрачното време во Македонија.

„Обидот на курирско-информерската пропаганда на Вучиќ да ги дискредитира студентите и протестите со црвени кругови, потсетува на едно мрачно време кај нас“, рече Трајаноски, заклучувајќи: „Да не би да се повтори!“

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Петрушевски: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува

Следно

Мицкоски: Срамота! Трговците се служат со трикови, тоа нема да го дозволиме

Latest from Blog

„Секој граѓанин е важен“ – Тоневски на стартот на мандатот во Пробиштип

Со голема чест и одговорност, Тони Тоневски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Пробиштип, нагласувајќи дека оваа позиција не е привилегија, туку обврска која се носи со посветеност и почит кон сите

ИМА БЛОКАДИ НО, ИМА И ИНВЕСТИЦИИ ПРОТИВ БЛОКАДИТЕ: Кинези во Србија ќе градат фабрика на 100 хектари

Кинескиот текстилен гигант„Гуан Нан“ најави изградба на фабрика во Србија. Инвестицијата ја потврди и потпретседателката на српската влада и министер за економија Адријана Месаровиќ за време на посетата на Изложбениот центар за

Околку 700 полицајци беа ангажирани, шестмина лица се уапсени пред мечот Астон Вила и Макаби

Шест лица беа уапсени во близина на Вила Парк во Бирмингем за време на неколку про-израелски и про-палестински протести. Протестите се одржаа пред натпреварот од четвртото коло на Лигата на Европа помеѓу

Баланс+ – за подобра исхрана и квалитетен живот кај лицата со дијабет

Функционалниот јогурт Баланс+ ја продолжува својата мисија за промоција на здрав и балансиран начин на живот, насочувајќи ја својата поддршка кон лицата со дијабет. Преку брендот Баланс+, Бимилк обезбедува поддршка за едукација
Go toTop