Трагичен крај на потрагата по семејството Пацоли – трите безживотни тела пронајдени во автомобилот извлечен од Лепенец

June 18, 2023
1 min read

Автомобилот на семејството Пацоли беше пронајден од тим на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. По операцијата за негово извлекување од реката, во него се пронајдени телата на таткото, мајката и малолетниот син

Трите безживотни тела на членови на семејството Пацоли од Косово се пронајдени во автомобилот кој доцна попладнево беше извлечен од водите на реката Лепенец, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Нивниот автомобил марка „бе-ем-ве“ беше пронајден од тим на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. По операцијата за негово извлекување од реката, во него се пронајдени телата на таткото, мајката и малолетниот син.

фото: принтскрин

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06.23) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’ во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје – ГП Блаце. Пронајдено е и возилото ‘бе-ем-ве’ во кое тие се превезувале“,

соопшти МВР.

На ова претходеа подготовки за извлекување на пронајденото возило. Багер го расчистуваше речното корито, а во близина на местото имаше противпожарно возило, како и комби-возило на погребното претпријатие „Бутел“.

Нуркачката екипа тогаш потврди дека автомобилот по кој се трагаше цели 24 часа е пронајден, а потрагата беше отежната поради надојдените води на Лепенец.

Од безбедносни причини новинарските екипи и присутните граѓани добија наредба да се оддалечат од местото додека во близина се поставуваа сајли за извлекување на автомобилот.

Сообраќајната несреќа се случи вчера попладне. Четиричленото семејство Пацоли со автомобил падна во реката по судир со возило со скопски таблички кое ја претекнувало колоната во која бил и автомобилот „бе-ем-ве“ на Пацоли. 21-годишниот син успеал да се извлече од автомобилот и бил спасен од реката.

Полицијата соопшти дека возачот на автомобилот марка „фолксваген туран“, кој ја претекнувал колоната, е лишен од слобода.

„Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото ‘фолксваген туран’ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување“,

додаваат од МВР.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СОФИЈА

Следно

Момчето што со автомобил влета во група пешаци во Загреб се брани со молчење

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и
Go toTop