Трагедија во Прилеп: Починаа две новороденчиња близначиња

January 17, 2025
1 min read

Две новороденчиња, близначиња на возраст од околу 20 дена, го загубија животот под трагични околности. Според информациите од јавниот обвинител Стевчо Биноски, семејството кое живее во екстремно лоши услови во селото Славеј, вчера околу пладне повикало Итна медицинска помош. Екипата на Итната помош, пристигнувајќи на местото, констатирала смрт кај едното бебе, додека второто било пренесено во прилепската болница во критична состојба, каде што подоцна починало.

-Семејството во селото Славеј повикало итна помош. Близначињата биле во тешка здравствена состојба. Екипата на итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои од Центарот за социјални работи од Прилеп, ни изјави Биноски.

Денеска во 12 часот, во просториите на Центарот за социјални работи во Прилеп, ќе се одржи прес-конференција на која ќе бидат изнесени дополнителни детали за случајот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Починале близначиња, на околу 20-тина дена старост од Славеј, прилепско

Следно

Директорите на македонската и хрватската Царинска управа договорија унапредување на соработката во борбата против криминалот

Latest from Blog

30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

Научниците предупредуваат на можноста од масивно одронување на карпи на планината Хохфогел (дел од Алпите), која се издига на надморска височина од 2.592 метри, на границата меѓу Германија и Австрија. Пукнатината што

Бакарот станува стратешки ресурс – може ли Македонија да го претвори својот минерален потенцијал во економска можност?

Бакарот добива сè поголемо значење на глобалните пазари, додека аналитичарите предупредуваат на можен недостиг од 2027 година. Според UBS Group, дефицитот на металот следната година би можел да достигне 379.000 тони, во

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина
Go toTop