ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

April 18, 2025
1 min read

Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид загинале три лица.

-Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, осум лица се повредени дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево и дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид за ТВ21.

Дописничката на ТВ21 од Кичево додава дека целосно е во прекин сообраќајот, а во моментов се врши и увид. Голем број на возила на брза помош, полиција и пожарна се на терен.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Младинците на Еурофарм Пелистер се пласираа на фајнлфорот во Лигата на шампиони

Следно

Смртоносна сообраќајка на патот Кичево-Гостивар – тројца загинати, осуммина повредени

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop