Трагедија: Почина 6 годишниот син на голманот на Баерн

August 1, 2025
1 min read

Тажна вест објави голманот на Баерн, Свен Улрих, неговиот 6-годишен син Лен почина по долга и сериозна болест. Чуварот на мрежата ја информираше јавноста на социјалните мрежи.

Свен Улрих не играше од октомври минатата година, дури не патуваше ниту на гостувања бидејќи неговиот син се бореше со лоша болест.

– Со длабока тага денес објавуваме дека нашиот син Лен почина пред неколку недели по долга и сериозна болест. Одлуката да се објави јавно е неверојатно тешка за нас – сепак, ова е важен чекор за нас како семејство да создадеме јасност за оние околу нас и за јавноста. Заедно со нашата ќерка, сега се обидуваме да се вратиме во живот чекор по чекор. Посебна благодарност до нашите семејства, пријатели и ФК Баерн Минхен за нивната дискреција и огромна поддршка во текот на изминатите неколку месеци – тоа многу ни значи. Ги молиме јавноста и претставниците на медиумите да бидат внимателни и да ја почитуваат нашата приватност. Ве молиме да се воздржите од понатамошни прашања или изјави – се вели во соопштението потпишано од Свен и неговата сопруга Лиза.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот државен секретар: Не може да има палестинска држава без согласност на Израел

Следно

Десет лица на обука за дозвола за летечки операции со кофинансирање од државата

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop