Тоштовски за новите полициски автомобили: Ова е прва ваква набавка по повеќе од 15, возила се целосно опремени со најсовремена технологија

December 26, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски днеска при презентацијата на новите полициски возила изјави дека ова е прва ваква набавка по повеќе од петнаесет години и дека новите возила се целосно опремени со најсовремена технологија.

– Возила коишто навистина се моќни, возила коишто во рамки на својата техничка опрема ги имаат сите современи технолошки карактеристики за да одговорат на сите предизвици, како и секоја една друга полиција во светот. Возила во рамки на коишто ги имаме најсовремените тетра системи со потребни информации, за полициските службеници на лице место да ги извршат потребните проверки на евиденција и сите анализи на податоци коишто ги имаме во рамки на Министерството, појасни Тошковски.

Тој истакна дека проектот е реализиран со значителна заштеда на буџетски средства.

-Вкупната планирана вредност за овие возила беше отприлика околу 232 милиони денари. Овие возила беа платени 202 милиони денари, така што заштедивме дел и од буџетските средства – околу 30 милиони денари. Цената поединечно по возило е далеку пониска од комерцијалната вредност на едно возило, така што навистина мислам дека имаме многу успешен проект кој ќе овозможи зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, нагласи министерот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голо Брдо на разгледница: нов придонес во промоцијата на македонската култура во Албанија

Следно

ВИДЕО: Најмалиот град во Европа со само 30 жители се наоѓа во соседството!

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop