Тошковски: Заштита и подигнувањето на достоинството на полицискиот службеник е пат до професионална полиција

September 13, 2024
1 min read

Денеска, (13.09.2024) во Охрид, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги отвори 22-те по ред Синдикални спортски игри, во организација на Македонскиот полициски синдикат, на кои присуствуваат претседателот на МПС Зоран Кузмановски, претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас, директори на агенции и институции, професори и вработени во МВР. Синдикалните игри се традиционален меѓународен спортски синдикален настан, на кој претставници од 15 полициски синдикати од земји од регионов и од Европа, во седум спортски дисциплини, ќе ги прикажат своите вештини и знаења.

Во рамките на манифестацијата се одржа и панел дискусија „Кривично-правна и прекршочна заштита на вработените во МВР, АНБ, АР и УФП“ на која министерот Тошковски потенцираше дека полицискиот службеник е основната безбедносна клетка на една држава.

„Потребата од поголема заштита на полициските службеници, соодветно нивно место во рамки на општеството, подигнување на достоинството на полицискиот службеник во рамки на државата се клучни аспекти кои треба да ги развиваме, доколку сакаме да имаме полициски службеник на соодветно професионално ниво, којшто се чувствува заштитен во рамки на системот.“, нагласи министерот Тошковски.

Министерот Тошковски имаше и средба со претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас, на која што разговараа за воспоставување и имплементирање на најдобрите европски практики во полициското работење и заштита на полициските службеници.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Напредува реконструкцијата на старото училиште во Љубојно кое ќе биде Центар за македонски јазик

Следно

Русија протера 6 британски дипломати поради наводи за шпионажа

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop