Тошковски: Треба да зборуваме за работи кои не обединуваат, а не кои не разделуваат

September 11, 2024
1 min read

Министерот Панче Тошковски денеска во интервју за телевизија Телма оцени дека настаните со црквата во Галате се прв доказ со конкретен настан дека некој се обидува да предизвика дестабилизација и потенцираше дека МВР ќе одговори на сите такви најави жестоко, во рамки на своите надлежности.

До сега информациите кои што пристигаа не беа потврдени со конкретни настани во таа насока. Сега факт е дека имаме конкретен настан, кој што ќе го испитаме во детали, зошто и како настана. Не само од аспект на дејствијата кои што беа преземени, а кои што беа видливи, туку и во други аспекти. Ќе го испитаме тоа детално во периодот кој што следува и за кој што ќе треба да се процесуираат и соодветни постапки“, дециден беше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека наместо такви теми и настани треба да зборуваме за работи кои не обединуваат, а не кои не разделуваат.
„Еве во рамките на мојата надлежност, ние треба да зборуваме како да се дигитализираме, што треба да направиме да имаме безбедна граница, што треба да сториме да го пуштиме во функција „Сејф сити“, како да ја намалиме смртноста во сообраќајните незгоди, како да го подобриме животот на граѓаните, како да го професионализираме нивото на полициските службеници во рамките на службата. Ние за вакви теми треба да зборуваме. Овие теми треба да се решаваат институционално”, рече Тошковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија – работна средба со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес Буено

Следно

Божиновска – Пјат: Македонија со подадена рака од САД успешно ќе чекори кон зелената транзиција

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop