Тошковски оствари средба со Нешиќ: Одличната соработка меѓу двете министерства дава одлични резултати за безбедноста на нашите граѓани

December 4, 2024
1 min read

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со делегацијата на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, предводена од министерот за безбедност, Ненад Нешиќ. Фокусот на средбата беше ставен на продлабочување на меѓусебната соработка и унапредување на пријателските односи меѓу македонското министерство за внатрешни работи и босанското министерство за безбедност.

„Разговаравме за сите прашања кои се во интерес на двете држави во насока на оној пат кој ни претстои во правење на сите потребни реформи со цел доближување кон европското семејство. Тоа е наш единствен пат којшто треба да го изодиме заедно во иднина. Заедничката соработка е на одлично ниво и постојано работиме на нејзино унапредување. Соработка на самите полиции е тековна и одлична која дава резултати. Како наша иницијатива го разгледавме прашањето на создавање на Регионална асоцијација на центри за обука која треба да ги обедини сите центри за обуки на регионалните полиции и заеднички да напредуваме и да ја унапредуваме професионалноста на полициите во регионот.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски уште еднаш се заблагодари на излегувањето во пресрет на Босна и Херцеговина која во периодот на менувањето на личните карти и пасоши дозволи граѓаните кои имаат валидна лична карта и пасош да може да транзитираат низ нејзината територија што е всушност уште еден доказ на добрата соработка на двете министерства и двете полиции во насока на олеснување на животите на своите граѓани.

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ  изрази задоволството што Босна и Херцеговина и Република Северна Македонија немаат отворени прашања, одлично соработуваат како две пријателски земји и тоа и во иднина ќе го негуваат.

„Денес разговаравме за сите проблеми за безбедноста и на двете држави како нелегалната миграција, трговијата со луѓе, криминалот и корупцијата и се она што ги загрозува граѓаните на двете земји. Двете министерства, двете полиции работат за сузбивање на криминалот и криминалците без разлика во која држава се наоѓаат и интензивната заедничка соработка досега дава одлични резултати.“, нагласи министерот Нешиќ.

Двајцата министри се сложија дека унапредувањето на соработката ќе продолжи и во следниот период и на посетата на министерот Тошковски на министерството за внатрешни работи на БиХ која ќе се случи во првата половина на следната година ќе биде потпишан протокол помеѓу двете министерства за соработка во областа на форензичките испитувања и вештачења, со цел размена на професионални искуства во воспоставувањето и функционирањето на различни сегменти на форензички активности, пружање поддршка во унапредувањето на методите на работа, едукација на кадри и научни истражувања.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тошковски – Нешиќ: Македонија и БиХ се исто така погодени од миграцијата, иако мигрантите не сакаат да останат кај нас

Следно

Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата со пушки и униформи во ОУ „7 Март“ во Челопек

Latest from Blog

Затвореник од Идризово крадел во Куманово за време на викенд отсуство, кај него била пронајдена и дрога

На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и

Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се

Илјадници Израелци излегоа на улиците во Тел Авив барајќи прекин на огнот и враќање на заложниците

СКОПЈЕ (АА) – Илјадници Израелци се собраа во Западен Ерусалим синоќа со барање за прекин на огнот во Газа и враќање на Израелците заложници што се држат во енклавата, известува Анадолу. Демонстрантите

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун – Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави
Go toTop