Тошковски на одбележување 44 години САЕ Тигар: Елитна единица која е врв во професионализам, стручност и обученост

March 13, 2025
1 min read

Во касарна Илинден во Скопје денеска се одржа свечено одбележување на 13 Март – Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“ и 44 години од постоењето на единицата, во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со највисокото раководство во МВР, како и високи претставници од Владата и Генералштабот на Армијата, амбасадори и полициски аташеа при амбасадите во земјава, поранешни команданти на Единицата, семејствата на загинатите припадници на Единицата и бројни гости, соработници и пријатели на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност во рамките на МВР.

Пред спомен плочата на загинатите припадници на САЕ Тигар беше положено цвеќе од страна на официјалните делегации од Владата, МВР и семејствата на загинатите припадници на единицата.

Министерот Тошковски истакна дека САЕ Тигар од аспект на професионализмот, стручноста и обученоста на своите припадници, претставува вистинска гордост како на министерството за внатрешни работи така и на цела Македонија.

-Македонија е горда на своите Тигри. Оваа високоспецијализирана полициска единица, една од најсложените во безбедносната структура на МВР, секогаш во секое време е целосно подготвена, ефикасна и обучена, технички и човечки опремена до перфектност, се со цел брзо и ефикасно извршување на специфичните и сложени задачи кои ги има во секојдневното работење, потенцираше министерот Тошковски во обраќањето.

Министерот Тошковски нагласи дека министерството ќе продолжи со континуираниот развој и поддршка на единицата во насока на материјално-техничко унапредување од секој аспект со цел продолжување на врвната ефикасност и ефектуирање на резултати на единицата.

Командантот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Драган Прокоповски ја потенцираше храброста, професионалноста и пожртвуваноста на припадниците на единицата и се заблагодари на раководството на министерството што ја препознава вредноста на единицата и ја става на врв на приоритетите во вложувањето и своите планови за унапредување и поддршка.

МВР

„Со соработка, дисциплина и професионалност, со брзо и енергично дејствување ќе останеме ударната сила на Министерството за внатрешни работи, сила која секој непријател ќе ја почитува, а секој граѓанин ќе ја доживее како гарант на мирот и безбедноста“, истакна командантот Прокоповски.

Прокоповски потсети на седумте припадници на Специјалната антитерористичка единица-Тигар кои вршејќи ја својата должност, штитејќи го уставниот поредок, мирот и безбедноста, ги загубија своите животи.

„Нивните имиња ќе бидат вечно врежани во историјата на нашата единица, а нивниот дух ќе продолжи да живее во секој припадник на оваа горда единица“, заврши командантот Прокоповски.

Од страна на припадниците на САЕ – Тигар беше реализирана и видео презентација на активностите на единицата за 2024 година, а во знак на одбележување на 44 години од формирањето на единицата беа доделени и плакети, благодарници и награда за најдобриот припадник на Единицата за 2024 година, беа доделени плакети на припадниците за 5, 10, и 20 години служба во единицата, и плакети на соработници и пријатели на единицата.

На крајот од свеченото одбележување присутните ја посетија и Спомен куќата на САЕ „Тигар“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Изборни турбуленции во Бугарија

Следно

Во притвор, со ментална попреченост – роднините бараат правда за Бесијан Нухији

Latest from Blog

Руска осуда на американските напади врз ИРАН во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија

Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави  постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја. САД ја отворија Пандорината кутија.  -Никој не знае какви нови катастрофи и

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Демократска обнова на Македонија ја напушта коалицијата со СДСМ. Ова било решено на седница на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени

Погба има нов клуб

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Пол Погба (32), е пред потпишување за Монако. Погба усно се согласи на двегодишен договор со францускиот клуб од Лига 1 откако

Израелската Армија објави дека Иран започна втор бран ракетни напади врз Израел

АНКАРА (АА) – Израелската Армија објави дека Иран започнал втор бран ракетни напади врз Израел, известува Анадолу. Во писменото соопштение објавено од израелската Армија се наведува дека се активирани сирените во многу
Go toTop