Тошковски: Казната на полицаецот да биде памет за секој еден во иднина

December 20, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Наткаст“ на Курир истакна дека се надева дека  казната која ќе следи за полицаецот кој го пропушти Груби ќе биде памет за секој еден друг полицаец во иднина дали ќе остане фрапиран од страна на одредени индивидуи на граница или ќе си работи по закон и ќе го даде долгот за оваа држава за што е платен од парите на граѓаните.

Отворена е истрага во рамки на Министерството за полицискиот службеник кој го пропушти екс првиот вицепремиер Артан Груби на граничен премин, а ќе се постапува соодветно согласно доказите кои се обезбедени.

-По првичните информации кои ги имам добиено, станува збор за кардинална грешка, која јас најблаго што би можел да ја дефинирам, е дека станува збор за непостапување согласно стандарди и оперативни процедури. А последицата на неговата грешка е страшна. Ќе биде информирана јавноста за сето она кое ќе го сториме во иднина по однос на овој случај. Се надевам дека со последиците на одговорот во однос на кабаетот на полицаецот и со казната која ќе следи, ќе биде памет за секој еден друг полицаец во иднина дали ќе остане фрапиран од страна на одредени индивидуи на граница, од тип на возила или ќе си работи по закон и ќе го даде долгот за оваа држава за што е платен од парите на граѓаните, посочи Тошковски.

Нагласи дека вакви кардинални грешки се недозволиви. сторена е груба повреда на службената должност.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нехамер: Австрија го разгледува статусот на сириските бегалци, илјада евра за враќање дома

Следно

Калаџиев: Груби е веќе политички осуден во јавноста како „ноторен криминалец“ и нема судија што нема да го осуди

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop