Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава, кои на 2500 метри височина го одржуваат телекомуникацискиот систем на МВР во функција

January 1, 2026
1 min read

Денеска, на првиот ден од новата година, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги посети полициските службеници од Одделот за информатика и телекомуникации на МВР, кои службено се ангажирани на врвот Солунска Глава, на надморска височина од над 2.500 метри, во смени кои траат и до 15 дена.

Додека за многумина Новата година започнува во топлината на домот, дел од вработените во Министерството за внатрешни работи ја дочекуваат и ја започнуваат годината на должност, во исклучително тешки услови и на голема надморска височина.

Министерот Тошковски беше информиран за нивните тековни активности и за начинот на кој и во вакви екстремни услови се обезбедува непречено, сигурно и стабилно функционирање на комуникациските и информациските системи на Министерството за внатрешни работи.

-Оваа работа, иако далеку од очите на јавноста, претставува еден од клучните столбови за ефикасното функционирање на полицијата и безбедносниот систем во целина. Без стабилна и безбедна комуникација, полициските службеници не би можеле навремено да координираат активности, да реагираат на предизвиците и целосно да ја исполнат својата законска улога во заштитата на граѓаните, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски упати искрена благодарност и признание до вработените од Одделот за информатика и телекомуникации за нивната професионалност, посветеност и подготвеност да ја носат оваа одговорност и за време на празниците, без прекин и без компромис со безбедноста.

Воедно, министерот упати благодарност и до Хеликоптерската единица на МВР, чија поддршка овозможува безбеден транспорт, логистичка поддршка и пристап до најоддалечените и најнепристапни точки, со што се создаваат услови за непречено извршување на службените задачи.

Министерот Тошковски посочи дека токму ваквите, често невидливи, но суштински сегменти од системот, се доказ дека безбедноста на државата се темели на професионалност, дисциплина и пожртвуваност на секој поединец во системот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нејмар – сè ќе направи за Светското првенство

Следно

„Прскалка закачена на шампањ се приближи до таванот, за неколку секунди се беше во пламен“: Сведоштва по смртоносниот пожар во Кранс-Монтана

Latest from Blog

Се обидел да турне човек под воз- полицијата го пронашла и ќе го судат за обид за убиство (Вознемирувачко видео)

Осомничениот, 26-годишниот Елисио Мелендез, е приведен со кауција од 750.000 долари за инцидентот што се случил на 19 март, објави Фокс 13. Истражителите рекоа дека Мелендез му се приближил на човекот одзади

Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог

Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов Владин центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. „Отвораме Владин центар за сајбер инциденти, преку кој

Николовски: Владата ги потроши креативните решенија за европските интеграции

Извршниот директор на „Евротинк“, Димитар Николовски, во дебата во емисијата „Вин-Вин“ за европскиот пат на земјата оцени дека Владата досега ги потрошила речиси сите „креативни решенија“ во обидите за деблокада на евроинтеграциите,
Go toTop