Тошковски и Ангелов: Превентивна кампања на МВР и РСБСП „Безбедно во лето – Вози одморен“

June 30, 2025
1 min read

Покрај пречекорување на дозволената брзина и возење под дејство на алкохол, заморот претставува една од клучните причини за сообраќајни несреќи во текот на летниот период. Особено ризична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија, и во двата правци, каде секоја година се бележат повеќе сообраќајки со сериозни последици.

Оваа состојба се должи на тоа што станува збор за дел од европскиот транспортен коридор, по кој секојдневно се движат илјадници возила. Возачите, изморени од долгите часови зад воланот, често ја губат будноста и концентрацијата, а не е реткост некои дури и да заспијат при возење – што резултира со несреќи од трагичен карактер.

Со оглед на ваквата ситуација, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на летната сезона, ќе спроведат едукативно-превентивни активности на двете насоки од Коридорот 10, под мотото „Безбедно во лето  – Вози одморен“. Денес кампањата на граничниот премин Богородица ја промовираа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Горан Ангелов.

Кампањата има за цел да ги потсети возачите на опасностите што ги носи заморот зад воланот, на сериозните последици што може да настанат од сообраќајки предизвикани од ненаспаност и намалена концентрација, како и да ги охрабри да прават редовни паузи, да пијат повеќе течности, да патуваат одморени и да го запрат возењето веднаш штом ги забележат првите симптоми на замор.

„Сакаме да ја подигнеме свесноста на сите оние коишто се зад воланот, во рамки на овие летни горештини, колку што може повеќе да пијат течности, да прават редовни паузи во рамки на возењето, да ги почитуваат сообраќајните правила, да не ја пречекоруваат пропишаната брзина. Целта е да имаме што може помал број на сообраќајни незгоди и жртви во нив. Како и досега, така и понатаму продолжуваме со голем број превентивни активности, коишто се поврзани со безбедно управување на моторните возила.“, потенцираше министерот Тошковски.

„Податоците покажуваа дека во текот на летото, во просек 15 лица месечно го губат животот. Тоа е бројка која не смееме да ја игнорираме и кон чие намалување мораме заеднички да работиме преку директни мерки и едукатно-превентивни активности. Клучната порака е да се тргне на пат само кога сме одморени и подготвени. Заморот и намалената концентрација се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди во лето. Затоа возете смирено, одговорно и без агресија, без разлика на метежот. Избегнувајте возење во доцните ноќни часови кога особено влијае заморот но и при екстремно високи дневни температури“, потенцираше директорот на РСБСП Горан Ангелов.

Согласно наведеното МВР во соработка со РСБСП продолжува  со едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и  со засилени контроли од страна на сообраќајната полиција. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пациентите со рак на бели дробови оставени без лекови – здравствена криза или институционален хаос?

Следно

ЕУ ги продолжи санкциите за Русија за уште шест месеци

Latest from Blog

Николоски: ЕУ првпат формално ги третира транспортерите како професионална категорија

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека се во целосна комуникација со транспортерите и дека веќе се договориле да се сретнат по состанокот што треба да се одржи во вторник во Брисел

Разбојници украле куфери со над 2 милиони евра- филмски грабеж во еден од најбезбедните градови во светот

Тројца мажи украле куфери со повеќе од 2 милиони евра во готово на прометна улица во центарот на Токио, соопштија денес полицијата и медиумите, во редок инцидент во јапонската престолнина, позната по

Николоски: Комплетно сме спремни за патот Романовце – Страцин, се чекаат средства од ЕУ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николски вечерва изјави дека има проект за автопат или експресен пат Романовце – Страцин, завршена е експропријацијата и, како што рече, комплетно сме спремни од наша

Минчев: ИСУЧР како единствен систем, носи транспарентност и буџетски заштеди

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на која го истакна значењето на Информациониот систем за управување со

Меџити: Дигитализацијата е клуч за модерна локална администрација

Изет Меџити денеска учествуваше на втората седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), во својство на потпретседател на организацијата. На седницата, заедно со министерот за јавна администрација
Go toTop