Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото

December 22, 2024
1 min read

Не би сакал да шпекулирам каде се наоѓа Артан Груби. Битно е дека е распишана меѓународна потерница по лицето кое имаше голем број на изјави во медиумите дека чист е како солза и дека нема сторено никакво кривично дело. Добро е, ако е така, да се врати во Македонија, да се соочи со сите оние обвинувања кои што како такви ги доставивме до Јавното обвинителство, кое отвори истрага и добро е да секој еден којшто е соочен со лицето на правдата да го докаже тоа во содветна процесна постапка, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија.

Во врска со изјавата на вицепремиерот Изет Меџити дека Груби се наоѓа во Албанија, Тошковски рече „не би сакал да шпекулира каде се наоѓа лицето, битно е дека спроведена е истрага против службеникот од гранична контрола којшто сторил кардинална грешка при неговото постапување и за истиот е донесено решение за суспензија и поднесена е кривична пријава за несовесно работење во служба“.

– Во однос на директната вина што предизвикала ваква штетна последица, за лице на стоп листа, кое не било задржано и не биле известени органите, кривична пријава е поднесено против службеникот којшто работил во рамки на граничната полиција. Во однос на се останато поврзано со одредени сомненија дека не станув збор за несовесно работење во служба, туку друг тип на кривично дело, во овој момент не би сакал да говорам во детали, би ве пренасочил во рамки на Јавното обвинителство, бидејќи тоа е тоа по кое ние постапуваме по директна наредба. Одземени се мобилни телефони, се вршат одредени разговори, во овој момент не би сакал да споделувам повеќе детали, рече Тошковски.

Добро е, додаде, што Демократската унија за интеграција се огради од „бегалецот од правдата“.

– Се надевам дека во иднина ќе се оградуваат од сите оние бегалци од правдата, ако ги има такви, кои што наместо да се соочат со она кое што душмански го краделе македонскиот народ во минатото, соодветно во рамки на една процесна правда, ги охрабрувам да се оградуваат од сите оние потенцијални криминалци за кои што во соодветна постапка треба да се докаже дека душмански го краделе македонскиот народ, но лошо е кога се обидуваат да ја манипулираат јавноста, рече Тошковски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: За кого работи Владата? За граѓаните, или за своите спонзори и привилегирани олигарси?

Следно

Претседателот на турскиот Парламент, Куртулмуш, во посета на Старата скопска чаршија

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop