Тошковски: Борбата против дрогата е стратешки приоритет на МВР

June 11, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес учествуваше и се обрати на 16 сесија на Работната група 4 од Националната конвеција  за Европската Унија во Македонија, платформа која низ годините се етаблира како сериозен и кредибилен простор за дијалог, анализа и препораки во процесот на европската интеграција.

Темата на дешната сесија „Предизвиците и перспективите на националнте политики за дроги и психотропни супстанци“ е тема која го засега секој сегмент од нашето општество.

„Во повеќе наврати досега, и во јавноста и пред институциите, јавно сум потенцирал дека борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на Министерството за внатрешни работи. Не само поради нејзините последици врз младите и општественото здравје, туку и поради фактот што овој феномен претставува клучен извор на моќ и ресурси за организираните криминални групи. Денешната сесија е потврда дека оваа борба мора да биде споделена, инклузивна и стратешки насочена“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека МВР како институција е на првата борбена линија во спречувањето на недозволената трговија со дрога и е секојдневно сведок на трансформациите и предизвиците кои ги носи овој феомен, од порастот на синтетичките супстанци и нивната достапност, до поврзаноста со организираниот крминал и транснационални мрежи.

„Но, токму затоа е важно да истакнеме дека борбата против дрогата не се води само со апсења и заплени. Таа се води и со податоци, со научно утврдени политики, со превенција во училиштата, со програми за третман и социјална поддршка, со меѓусебна доверба меѓу институциите, и со постојана комуникација со граѓаните и заедницата“, потенцираше на крај министерот Тошковски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕБОР стратешки коридори за поврзување на Западен Балкан и ЕУ

Следно

Украина: Тројца загинати, 60 повредени во рускиот напад врз Харков

Latest from Blog

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и
Go toTop