Топол воздух од Африка ќе ја заплисне Македонија викендов

May 28, 2025
1 min read

Почнувајќи од викендов, особено од недела (1 јуни) во нашата Република Македонија ќе започне приливот на топол воздух со потекло од Африка. Во ваква ситуација температурите значително ќе бидат во пораст, што значи дека, конечно може да очекуваме летни температури на воздухот.

Инаку, за време на викендот, односно во сабота  и недела (31 мај/1 јуни) времето во нашата Македнија ќе биде сончево со мала до умерена облачност а ќе дува  и слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

И во Скопје и околината, за време на викендот ќе започне порастот на температурите на воздухот, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала облачност  и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурите, како што погоре напоменав, особено од недела (1 јуни) ќе бидат летни и во значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје и околината температурата за време на викендот ќе се искачи до околу 27 степени.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски во Берлин на средба со германскиот канцелар Мерц

Следно

Во Брисел беше одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop