Во продолжение ви ги претставуваме десетте најчитани вести од земјава и светот објавени на нашиот портал во изминатите 365 дена. Нивната популарност, ја направија вашите „кликови“ и реакции
Во целата 2023 година на вести, брзо и проверено информирање, се трудевме да ви ги овозможиме најважните домашни и светски наслови. Посветено, секој ден, екипата на „360 степени“ се трудеше да ги задоволи интересите на своите верни читатели и следбеници на социјалните мрежи за актуелните случувања. Отворивме многу чувствителни теми дома, како политички така и социјални.
Во продолжение ви ги претставуваме десетте најчитани вести од земјава и светот објавени на нашиот портал во изминатите 365 дена. Нивната популарност, ја направија вашите „кликови“ и реакции.
Среќна Нова 2024 година! Со искрени желби за многу здравје и успех и во новата година…
10 најчитани вести на „360 степени“ за 2023 година:
Осомничените за убиството на 14-годишната Вања од Скопје и Панче од Велес, Велибор Манев, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски, беа спроведени на суд со избричени глави и во иста облека – комбинезони. „360 степени“ побара став од директорот на затворот во Шуто Оризари за изгледот на осомничените.
Гордана Јанкулоска е во одлична психофизичка состојба, достоинствено и стоички се справува со сите малтретирања и дискриминации, а како семејство имаме можност да се гледаме само три пати месечно во времетраење од еден час, откри Влатко Илиевски, сопруг и адвокат на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска додека таа беше на издржување на казната затвор во „Идризово“, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.
(ФОТОГАЛЕРИЈА) По двојното убиство, врие од полиција кај Старата скопска чаршија
Голем број полициски службеници на 6 март беа во Старата скопска чаршија каде вечерта околу 20 часот во угостителски објект беа убиени две лица.
Во неколку станбени згради во Општина Кисела Вода беа расфрелни летоци на кои имаше фотографија од градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орге Ѓорѓиевски, на која тој носи рачен часовник и уште една фотографија на која има речиси идентичен, чија вредност изнесува 7 600 швајцарски франци, пренесоа повеќе медиуми. Станува збор за марката „Aquatimer Chronograph“.
„Телефон ‘Самсунг’ за 120 денари“, „Трoтинет ‘Шаоми’ за 123 денари“, „Нараквица ‘Пандора’ за 123 денари“, „Апарат за кафе ‘Филипс’ за 123 денари“… Ова се дел од мноштвото објави на социјалната мрежа Фејсбук во кои се нудат скапи и брендирани производи за неверојатно ниска цена од само 120 денари.
Таткото на Рустам Каримов (29), пилотот на „Ембраер“ кој се урна во Русија, а во кој, според руските власти, бил шефот на групацијата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во изјава за медиумите раскажува за својот син.
Хирург кој се грижел за пациентите од масакрот кај Младеновац раскажува дека го оперирал најтешко ранетото девојче: „Таа е родена 2005. Имаше искрвавено и немавме време за ништо. Истрчавме во сала, девојчето е иста генерација како мојата ќерка и во лифтот ни рече: ’Нема да умрам, нели?‘“. Уште еден хирург, пак, раскажа како течела операцијата на најтешко ранетото момче во масакрот во училиштето. Имало прострелна рана на градниот кош и на вратот, како и заглавен куршум во ребрата. Додека го оперирале, дознале дека детето е син на нивен колега.
Објавена видеоснимка од стравотниот верижен судир кај Будимпешта
На видеото се гледа како автомобил претекнува еден од камионите и од левата преминува на десната страна од автопатот. Во еден момент тој најверојатно забавува, забележувајќи ја колоната возила пред него кои не се движат, но поради прашината и намалената видливост на патот, возачот одзади удира во него со голема брзина. За неколку секунди на патот се создава тотален хаос.
Адвокатката на таткото на момчето кое уби деветмина во училиште: Оружјето е чувано согласно законот
Адвокатката на Владимир К., чиј син К. К. (13) уби девет и рани седум лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, изјави дека оружјето и муницијата на осомничениот биле обезбедени со закон. Ирина Боровиќ изјави дека Владимир К. ги чувал муницијата и оружјето кои биле пронајдени согласно прописите, како и дека има соодветни дозволи за целото оружје и дека е член на Спортскиот сојуз.
Почина легендарната актерка Ракел Велч
Легендата на Холивуд, актерката Ракел Велч, почина на 15 февруари на 82-годишна возраст. Таа важела за секс-симбол на 60-тите и 70-тите години на минатиот век, а се прослави со улогите во филмовите „Фантастично патување“ и „Милион години пред нашата ера“. Зад себе остави остварувања на 40-ина улоги на филмските платна и уште толку во телевизиски серии и филмови.
ИЗВОР: 360stepeni.mk