Тони Крос по тригодишна пауза се враќа во репрезентацијата

February 23, 2024
1 min read

Фудбалерот на Реал Мадрид Тони Крос (34) објави дека се враќа во германската фудбалска репрезентација, по тригодишна пауза, и ќе биде во составот кој селекторот Јулијан Нагелсман ќе го предводи на Европското првенство ова лето во Германија.

„Здраво екипо, ќе бидам краток, од март се враќам во германската репрезентација. Зошто? Затоа што селекторот тоа го побара и затоа што сум подготвен да помогнам. Сигурен сум дека на ЕУРО можеме да направиме многу подобар резултат отколку што повеќето луѓе во моментов мислат“, објави Крос на социјалните мрежи.

Крос досега одигра 106 натпревари во германскиот дрес, а беше и во составот кој во 2014 година ја освои светската титула.

Фудбалерот на Реал последен пат го облече репрезентативниот дрес на Европското првенство пред три години кога беше жестоко критикуван поради слабиот настап на тој турнир.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гугл ги стопираше Близнаците

Следно

Бојмацалиев: „МВР за граѓаните” на дело – пристигнаа 140.000 обрасци на ГП Богородица

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop