Тони Коњановски: Жените се двигател на развојот на општина Битола

October 17, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, денес се обрати на Завршната конференција за женско претприемништво, која се одржа во Офицерскиот дом, во организација на Советот за женско претприемништво на Општина Битола.

Под мотото „Жени што градат иднина“, Коњановски ја истакна важната улога на жените во развојот на општината, нагласувајќи дека нивната посветеност, визија и креативност значително придонесуваат за заедницата.

„Во Општина Битола жените ќе продолжат да имаат партнер и поддршка во создавањето еднакви можности за сите претприемачи, особено за жените кои со својот труд и идеи ја движат заедницата напред“, рече Коњановски.

 

 

Настанот ја потврди посветеноста на локалната самоуправа и кандидатот да поддржува политики и проекти кои ја поттикнуваат претприемничката иницијатива кај жените во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Две деветки во напад“ – Ѓорѓиевски со фудбалската легенда Панчев

Следно

Во Кавадарци утре ќе гласаат 91 болно и изнемоштено лице

Latest from Blog

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура

Таа нагласи дека инфлацијата на краток рок ќе расте преку повисоки цени на енергенсите, додека пак за среднорочните економски влијанија преусдни ќе бидат интензитетот и времетраењето на војната, како и притисокот од

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, велат во соопштение од ресорното министерство.

По деценија пауза – Жолтата боја се враќа: ФФМ го претстави новиот дрес на фудбалската репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија преку социјалните мрежи го најави новиот дрес на македонската репрезентација, со кој националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светското првенство. Во објавата на Фудбалска федерација

Репрезентацијата доби нов изглед – ФФМ ја врати жолтата боја

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги претстави новите дресови на македонската фудбалска репрезентација, со кои националниот тим ќе настапи во претстојните плеј-оф натпревари за Светско првенство. По повеќе од една деценија, во
Go toTop