Тони Коњановски убедливо победи во првиот круг во Битола

October 19, 2025
1 min read

Актуелниот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, оствари убедлива победа уште во првиот круг на локалните избори. Според неофицијални информации од неговиот изборен штаб, Коњановски освоил 18.753 гласа, односно околу 51% од излезените гласачи.

Далеку зад него е Габриела Илиевска од „Поинаку“ со приближно 7.900 гласа, а на трето место е Методија Куновски од СДСМ со околу 6.100 гласа. Следуваат неважечки ливчиња со околу 2.100 гласа, независниот Зоран Николовски поддржан од Левица и други кандидати.

Во Советот на Општина Битола, ВМРО-ДПМНЕ се очекува да има мнозинство од 16 советнички места со приближно 15.700 гласови. СДСМ освојува 5 мандати (5.350 гласа), „Поинаку“ 4 мандати, а Левица два. По еден мандат освојуваат ЛДП, новоформираната Граѓанска иницијатива ГРИН, ЗНАМ и ДУИ.

 

Вкупно на гласање во општината излегоа 36.816 граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7

Следно

Милан е новиот лидер во Серија А: Пресврт и победа за „росонерите“ на „Сан Сиро“

Latest from Blog

Водители ѝ ги мирисаат стопалата на Дру Баримор, а потоа таа ги мириса нивните (ВИДЕО)

Во духот на спонтаноста по која е позната, популарната актерка и водителка без двоумење ги помириса стапалата на своите ко-водители, Сани Андерсон и Рос Метјуз, додека студиото се смееше и не можеше

Снаа на погребот на свекрвата дознала дека сопругат со години ја изневерувал- имал паралелно семејство и син, ќе оди во затвор

Според телевизијата Хенан, жената со презиме Шанг од покраината Шандонг била во брак со својот сопруг, Ванг, 19 години. Не е познато дали имале деца. Во јуни 2022 година, откако починала нејзината
Go toTop