Тоневски: Во наредниот период ќе се санира јаловишната депонија во Пробиштип и од прашина што загадува ќе направиме зелена површина со паркови и игралишта

October 29, 2025
1 min read

Јас се кандидирам за градоначалник на општина Пробиштип, затоа што гледам дека во изминатите осум години општината тоне во апатија, безидејност, без ниту еден капитален проект, без ниту една поголема инвестиција, без економски развој, без инвестиции во животната средина, во квалитетот на живеењето, во младите, во образованието и во спортот, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски во вечерашната дебата на Македонската радио-телевизија.

Тоневски посочи дека токму ваквата состојба го мотивираа да се кандидира повторно за градоначалник и решенијата на недостатоците на општината се составени во изборната програма која е направена по предлози од граѓаните и дека како иден градоначалник ќе се потруди да ја реализира во целост.

„Моите проекти во делот на програмата за животна средина се многу големи и, според мене, многу добри. Прво јаловишната депонија во соработка со Владата ис о други институции и меѓународни ќе ја санираме и конечно ќе го затвориме тој најголем проблем од делот на животната средина. Веднаш потоа ќе пристапиме и кон правење на пречистителни станици за отпадни води, којшто сега течат во реките и одат низ населените места, како што е селото Ратавици. Потоа ќе поставиме мерни станици на повеќе локации за да го мериме квалитетот на воздухот, ќе инвестираме во паркови, во зеленила, во пошумување и сè друго што значи подобрување на квалитет на животнатата средина во нашата општина“, рече Тоневски.

Понатаму Тонески го образложи проектот за средување на јаовишната депонија, кој впрочем е и проект којшто е изготвен уште во 2016 година, но кој во изминатите осум години градоначалникот од редовите на, сега веќе, опозициската СДСМ не го реализираше, затоа што за нив поважни беа насадите со марихуана и бизнисот со фотоволтаиците.

„Во општина Пробиштип имаше изготвено во 2016 година проект за санација и рекултивација на јаловишната депонија. Вие повторно направивте нов проект, не знам од кои причини, тој проект беше на едно високо ниво изготвен од страна на Министерството за животна средина, изведувач беше Градежен институт на Македонија и тој проект стои, комплетен проект како се рекултивира јаловишна депонија. Вие отидовте во друг правец за фотоволтаици да правите, можеби такви насоки сте имале, фотоволтаици, марихуани, во тој период тоа беше интересно. Меѓутоа, најважно од се е јаловишната депонија да се рекултивира како што треба, со целосно дренажен систем, со поставување на геомембрани, со насипување во слоеви и од една прашина којашто загадува, да се направи површина која ќе биде зеленило, паркови, шеталишта, игралишта и тоа е тоа што јас ќе го направам во наредниот период“, истакна, меѓу другото, Тоневски.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Џеф Безос одлучи која треба да биде новата девојка на Џејмс Бонд?

Следно

Во Австралија пронашле писмо во шише, кое војник во 1916. ѝ го испратил на мајка си: Те сака твојот син

Latest from Blog

Алиу: Од 30 јуни во функција шест нови хируршки сали

Шесте целосно реконструирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје ќе започнат со работа на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека пред нивното официјално пуштање во употреба

Меџити: Здравјето на граѓаните е на прво место – институциите координирано против топлотниот бран

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот

Коњановски: Создаваме систем што ги вклучува сите деца

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на завршната конференција на проектот „Никој зад“, чија главна цел е зголемување на учеството на децата и младите со попреченост во спортските активности, промоција на

Меџити: Координирани активности за заштита од високите температури во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот
Go toTop