Тоневски: Подготвуваме нови проекти за водоснабдување, патишта и канализација во Пробиштип

August 7, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информира дека општината интензивно работи на подготовка на проектна документација за повеќе инфраструктурни проекти кои се планира да се реализираат во наредниот период.

Тоневски посочува дека покрај градежните активности на терен, особено внимание се посветува на подготовката на проекти во областа на водоснабдувањето, патната инфраструктура и канализацијата.

Во делот на водоснабдувањето веќе се подготвени проекти за подобрување на водоснабдувањето во Стрмош и изградба на нов водовод во Дренак, додека во подготовка е проектната задача за изградба на нова филтер-станица во Лесново.

Предвидени се и истраги за количината на вода за подготовка на проекти за водоснабдување на селата Зарапинци, Гризилевци, Стрисовци и Лезово, како и за нова филтер-станица за Пишица, Гујновци и Гајранци.

Во патната инфраструктура, готов е проектот за реконструкција на патот до Турско Рудари, а се подготвува и проект за асфалтирање улици во Древено. Започнати се геодетските снимања за проектот за изградба на патот до Шталковица, како прва фаза од патот кон Пониква.

Се преработува и проектот за асфалтирање на патот до Јамиште, со цел негово усогласување со актуелната состојба на терен.

Општината работи и на решавање на проблемите со атмосферската и фекалната канализација. Изработена е проектна документација за прифаќање на атмосферските води на улицата „Јане Сандански“ во Злетово, а наскоро се очекува и проектот за атмосферска канализација на потегот кон село Рудари.

За изградба на канализациска мрежа во Драч веќе се обезбедени речиси еден милион денари од Министерството за транспорт, а дополнителни средства ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет.

„Очекувам до крајот на годината да ги имаме завршено сите проекти кои во моментов се изработуваат и најголемиот дел од нив да бидат дел од програмите за работа и инвестиции за наредната година“, порача Тоневски.

Тој најави дека за проектите кои бараат поголеми финансиски средства Општина Пробиштип ќе аплицира до достапните домашни и меѓународни фондови.

„Мојата цел е да го развиваме и одржуваме секое населено место во Општина Пробиштип. Верувам дека Пробиштип може да биде пример за тоа како треба да се работи – со план, со проекти и со конкретни инвестиции“, истакна Тоневски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Вечно ќе ја чуваме храброста и жртвата на бранителите од Карпалак

Следно

Општина Битола инвестира во патната инфраструктура – асфалтирани две улици кај Здравствениот дом

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен

Николоски: Македонија инвестира во енергетска сигурност, инфраструктура и нови работни места

Во 21 век напредуваат државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој посочи дека Владата води политика насочена кон иднината,

Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот
Go toTop