Тоневски: Паркови и игралишта не вредат ништо без економија и луѓе кои остануваат во градот

October 4, 2025
1 min read

На дебатата со актуелниот градоначалник и кандидат за трет мандат, Драган Анастасов – Ладич од СДСМ, кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, ја истакна потребата од враќање на економскиот развој како главен приоритет.

„Пробиштип беше една од најразвиените општини во поранешна Југославија,“ истакна Тоневски, одговарајќи на прашањето како е можно градот денес да се соочува со толкава нефункционалност. „Економскиот развој во последните осум години стагнира, односно Анастасов како градоначалник многу малку финансираше во делот на економски развој. Немаше ниту урбанизација, ниту индустриски зони, ниту тоа што се бара на пазарот – инвестирање во планска документација, инфраструктура на тие зони, барање нови инвеститори, за да се отвораат работни места. Со тоа ќе се враќаа и сите тие што работат и во Штип и во Кочани во индустриските зони.“

Тоневски нагласи дека токму економскиот развој мора да биде основата на сите идни политики. „Ние можеме да инвестираме колку сакаме и во паркови и во игралишта и во детски катчиња и во зеленило, но доколку нема деца и млади, доколку нема луѓе кои се задоволни од својата работа, плати и примања, остануваат да живеат во Пробиштип, инвестираат – сето тоа друго ќе биде за џабе потрошено,“ порача тој.

Во текот на дебатата, Тоневски потсети и на дел од проектите реализирани во неговиот мандат, меѓу кои индустриските зони во урбан блок 12-1, каде се изградени десетици погони, како и индустриската зона кај „Кранфилд Фаундри“.

И двајцата кандидати – актуелниот градоначалник Драган Анастасов и неговиот противкандидат Тони Тоневски – на изборите на 19 октомври ја бараат поддршката од граѓаните за нивниот трет мандат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Анкета на „Порталб“: Меџити со предност пред Османи во Чаир

Следно

Понижениот Тен Хаг пред „нов“ ангажман – се враќа во старото јато?

Latest from Blog

Пи Диди -Комбс осуден на 50 месеци затвор

Раперот Шон Диди Комбс е осуден на 50 месеци затвор откако беше прогласен за виновен за подведување. Пресудата за Диди Комбс беше изречена во федералниот суд во Менхетен по двомесечно судење, по

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Комитетот за итни прашања на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) одлучи дека нема да бидат пуштени билети во продажба за претстојниот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство 2026 меѓу Србија и

Манчестер Јунајтед потроши вистинско богатство отпуштајќи менаџери

Манчестер Јунајтед назначи десет менаџери од „ерата на Сер Алекс Фергусон“, а нивното заменување чинеше богатство. Клубот од „Олд Трафорд“ исплати вкупно 70 милиони фунти (80 милиони евра) надомест од 2013 година.

„Визија за напреден Пробиштип“ – Тоневски најавува капитални проекти и инвестиции

„Визија за напреден Пробиштип“ – така го наслови своето обраќање кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, на дебатата на Канал 77 во форматот „Стадион“ со неговиот

Проданоски најавува реконструкција на клучната улица „Александар Македонски“ во Прилеп

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, го презентира својот проект за целосна реконструкција на улицата „Александар Македонски“, една од најважните сообраќајни артерии во градот. Проданоски посочи дека улицата денес е
Go toTop