Тоневски на средба со „Вита-Максима“: Најава за регионален стационар и програма за стерилизација на миленици

February 20, 2026
1 min read

Градоначалникот Тони Тоневски оствари работна средба со активисти од здружението „Вита-Максима“, посветена на актуелната состојба со бездомните животни и можностите за унапредување на постапките за нивно хумано заловување и згрижување.

На средбата била споделена иницијативата за изградба на регионален стационар за бездомни миленици, проект кој, според Тоневски, ќе претставува одржливо и системско решение за проблемот со кучињата скитници на ниво на целиот регион.
„Овој проект ќе биде дополнително разработен во наредниот период и има за цел да обезбеди хуман третман и подобра контрола на популацијата на бездомни животни“, истакна тој.

Во соработка со здружението и ветеринарните станици, општината планира во втората половина од годината да обезбеди конкретна поддршка за стерилизација на домашните миленици – мерка што се смета за клучна во превенцијата на појавата на нови бездомни животни.

Тоневски нагласи дека преку координирана работа со граѓанскиот сектор и стручните служби може да се изгради похумана и побезбедна средина и за граѓаните и за животните.

Средбата со „Вита-Максима“ беше оценета како конструктивна и плодна, со заедничка заложба проблемот со бездомните животни да се решава системски и долгорочно.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На свештеник му се слоши, па се исповрати врз претседателот на државата: Не можев да се воздржам (ВИДЕО)

Следно

Дебата за Предлог-законот за помилување

Latest from Blog

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски

Владата работи со сите стекхолдери за доаѓање до конечна верзија на законот за заштита од пушењето. Не е во ред децата од најмала возраст да користат ароматизирани вајпови, кои потоа можат да

Замина великанот Родољуб Анастасов

На 91-годишна возраст во Скопје почина македонскиот сликар Родољуб Анастасов, еден од најзначајните автори во современата македонска уметност и творец кој го разви енформелот во земјава. Анастасов ќе остане запаметен и по

Манчестер Сити потврди дека капитенот си заминува

ФОТО:.facebook.com/mancity/ Капитенот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, кога ќе му истече актуелниот договор. Веста, која беше објавена во англиските и португалските медиуми пред неколку

Руската армија соопшти дека за три часа соборила 148 украински дронови

Руската армија соопшти дека во период од три часа нејзините сили за противвоздушна одбрана собориле вкупно 148 украински беспилотни летала, додека во делови од погодените области се работи на обновување на снабдувањето
Go toTop