Тоневски: Ќе имаме службеници кои ќе работат исклучиво на проекти за младите

October 30, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, најави формирање на бизнис инкубатор и специјализирана канцеларија во рамки на општинската администрација, која ќе работи исклучиво на подготовка и реализација на домашни и меѓународни проекти за поддршка на младите.

„Ќе направиме еден бизнис инкубатор каде ќе ги вклучиме младите и ќе отвориме една канцеларија во општината којашто ќе биде дел од администрацијата задолжена да работи исклучиво на програми, и домашни и меѓународни, фондови од каде може да се извлечат пари независно од овие што ги имаат сега“, изјави Тоневски.

Тој додаде дека општината ќе им помогне на младите при изготвување на проектни апликации, а за таа цел ќе бидат назначени службеници кои ќе работат исклучиво на овој процес. „Ние како општина да им помагаме на младите да ги спремаат тие апликации, ќе има задолжени луѓе од администрацијата кои ќе работат исклучиво на тој проблем“, рече Тоневски.

Во неговата визија за развој на Пробиштип, младите имаат централно место. Тој најави едукативни обуки и семинари во земјата и странство за зголемување на нивните знаења и претприемачки вештини. Според Тоневски, целта не е младите да зависат од поддршката на општината, туку да станат самостојни.

„Со двесте илјади денари е никаква помош за младите. Јас можам да кажам дека со петсто илјади ќе ги помогнам, меѓутоа суштината е да ги научиме и натераме младите сами да се снаоѓаат и да аплицираат“, потенцираше тој, осврнувајќи се на досегашната пракса на локалната власт. „Целта е да им помогнеме на сите млади коишто сакаат да почнат некој бизнис да можат со помош на општината и поддршка на општината да ги добијат тие средства.“, заокружи Тоневски, кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој имаше блага предност во првиот круг на локалните избори.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал (М) и Суперлигата ја тужат УЕФА и бараат отштета од 4,5 милијарди евра

Следно

ВМРО-ДПМНЕ Пробиштип: СДС во паника и очај – нападнаа наш поддржувач во населбата Карпош

Latest from Blog

Случајот со спорното млеко се шири: Land и My Cow биле дел од понудата и во Македонија

Случајот со млечните производи што деновиве е во фокусот на јавноста во Косово има допирна точка и со македонскиот пазар. Два од брендовите што се појавуваат во официјалните наоди на косовските институции,

“Со Еспи појадуваме заедно секој ден, тој го живее својот сон!“ (ВИДЕО)

фото:x.com/realmadriden На отворањето на новата сезона, Реал Мадрид успеа да слави на гостински терен кај Еспањол со гол во судиското продолжение. Со многу нетрпение, навивачите на најважниот спореден настан во Шпанија, па

СВИРЕЖИ И ПОТСМЕВ ЗА ФРИДРИХ МЕРЦ (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочи со неодобрувачки извици и потсмев за време на посетата на област погодена од пожари во Хигеланд, во неговото прво јавно појавување по првиот ден назад на

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: „Пандорината кутија е отворена. Очекувајте жесток одговор“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отворила Пандорината кутија“ со напади врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, објави Ројтерс во саботата. Украина
Go toTop