Тонали ја спаси Италија, Данска ја „растури“ Грција

September 8, 2025
1 min read

Репрезентациите на Израел и Италија одиграа супер интересен меч кој заврши со резултат 4:5 во рамките на квалификациите за Светското Првенство. Фудбалерите предводени од Џенаро Гатузо повторно се мачеа, но на крајот успеаја да го совладаат храбриот Израел.

Резултатот го отвори Локатели со автогол во 16-тата минута, а во 41-та Моизе Кин го изедначи резултатот. Во вториот дел Израел повторно поведе преку Перец во 52-та минута, но италијанците набрзина постигнаа два гола преку Кин во 54-тата и Политано во 59-тата минута за нов пресврт. Распадори ја затресе мрежата на домаќините во 81-та минута, а Бастони во 87-та минута со автогол го врати Израел во живот. Перец го постигна својот втор гол на натпреварот во 89-тата минута за огромна радост кај домашниот тим, но Сандро Тонали само две минути подоцна го постави конечниот резултат.

На останатите натпревари кои се одиграа вечерва, Данска лесно ја совлада Грција со 0:3 и го превзеде првото место во групата Ц. Стрелци на головите беа Дамсгард во 32-та, Кристенсен во 62-та и Хојлунд во 81-та минута.

Хрватска беше исто така моќна против репрезентацијата на Црна Гора и славеше со 4:0. Вреди да се напомене дека гостинската репрезентација играше со играч помалку од 42-та минута. Косово го направи изненадувањето на колото совладувајќи ја фаворизираната Шведска со 2:0. Швајцарија ја „преслуша“ Словенија и оствари нова победа со резултат 3:0. Фарските острови се намачија, но успеаја да слават против Гибралтар со 0:1, a Шкотска запиша прва победа во квалификациите совладувајќи Белорусија со 0:2.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Календар на МПЦ: Утре се прославуваат овие светители

Следно

Ослободен инфлуенсерот кој леташе низ светот и заврши во затвор

Latest from Blog

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска
Go toTop