Томовски: Целосно ќе ги покриеме трошоците за лекување, во контакт сме со операторите за ослободување од роаминг и интернет за семејствата на повредените!

March 20, 2025
1 min read

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски вечерва во интервју за ТВ21 порача дека тие како Влада ќе ги покријат сите трошоци на повредените лица кои се лекуваат надвор од Македонија.

Во однос на оние кои се лекуваат во странство, Томовски вели дека се во контакт со телефонските оператори за ослободување од роаминг и интернет за семејствата.

„Потрошени се почетно околу 3 и половина милион денари, но викам почетно бидејќи не знаеме колку време ќе се лекуваат, но треба да знаат дека целосно и максимално се што ќе излезе како трошок целосно ќе биде покриено од Владата на Македонија“, вели Томовски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанија згрижи 7 пациенти повредени во трагедијата во Кочани

Следно

Професор Димовски: МВР апсолутно одговори на висина на задачата, брзо одреагирало и се што се презема е координирано и добро испланирано

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop