Томовски: Работиме на проекти за сите категории граѓани, поврзување на Водно со центарот на градот, промоција на Македонско село и нови факултети за студентите

January 26, 2025
2 mins read

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ оваа недела гостуваше директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски кој најпрво се осврна на состојбите со кои се соочил по доаѓањето во оваа институција појаснувајќи дека тие не биле ни малку поразлични од целокупната состојба во државата оставена од претходната власт и тоа пустош, кражба, демотивирани вработени и неправилности во функционирањето.

Освен затекнатите состојби тој ги откри и деталите поврзани со сработеното во изминатите шест месеци од страна на целокупниот тим предводен од него како директор кои се состојат првично во неколку пресеци за тоа што е затекнато, какви се очекувањата и што се планира во иднина, со што се постигнати и видливи резултати т.е позадоволни вработени, непречено работење на службата и задоволство од услугите кои ги обезбедува истата.

„Би сакал само еден сегмент да го кажам, во делот на угостителството, за шест месеци тие внеле промет од наплатените услуги околу 70.000 денари, ние за четири месеци внесовме 700.000 илјади денари што е многукратно повеќе за пократок период и период којшто практично има летни одмори. Така да многу работи сме направиле, сме направиле измени, направивме заштеди во делот на користење на службените возила, сакаме да направиме рационализација, почнавме постапки за расчистување на старите возила, почнавме постапки за да го средиме државниот имот, отпочнавме постапка со Македонско село којашто веќе е во завршна фаза и се надевам дека за скоро ќе добие нов економски оператор“, прецизен е Томовски.

Томовски исто така издвои и еден од проектите кои моментално се планираат и договараат со премиерот Христијан Мицкоски, главниот „мотор“ на оваа Влада кој дава енергија и обезбедува можности за раководителите на институциите да ги спроведуваат истите, а тоа е жичницата од Св. Јован во Капиштец до Средно Водно.

-Практично она што еве прв пат ќе го споделам во јавност бидејќи често таму се појавува проблем со паркингот, кај Св. Јован нема паркинг, планот би сакале да го спроведеме на следниот начин, кај НИП „Нова Македонија“ имаме моментално паркинг, сакаме тука да направиме подземен паркинг дали тоа ќе оди јавно-приватно партнерство или ние како држава ќе инвестираме ќе видиме, практично тој паркинг моментално којшто е да стане зеленило-парк, во едно добиваме и парк и подземен паркинг и луѓето коишто ќе сакаат да отидат на таа жичара до Средно Водно да можат тука да ги паркираат возилата, да платат 30 денари паркинг, не 100 денари горе на Водно, најавува Томовски.

Во овој контекст тој дополнува дека во зависност од потребите ќе има и комбиња или мини-автобуси кои ќе бидат на располагање за трансферирање патници до жичницата кај Св. Јован како и такви кои од Средно Водно ќе возат до Милениумскиот крст или до Св. Пантелејмон и практично да го посети и Македонско село кое ќе заживее во тој период.

„Останатите проекти кои планираме да ги направиме е да ги довршиме факултетите Финки и Факултетот за фискултура, заедно тие ќе ги спроведеме со Министерство за образование, моментално правиме одредени анализи да видиме до каде се овие проекти, кои се штетите коишто се претрпени бидејќи седум години не се мрднало со прст, па ќе направиме некој ревидиран проект, поедноставен проект, побрзо да ги реализираме и да и пуштиме во употреба овие градби“, заклучува Томовски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фетаху од Голо Брдо: Сме биле и ќе бидеме горди Македонци

Следно

РФМ: Македонија треба да биде горда бидејќи има светла ракометна иднина

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни

Пожарите предизвикаа судир меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, дали се намерни, или последица на високите температури?

Ситуацијата со пожарите предизвика политичка пресметка меѓу власта и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека пожарите не настануваат сами по себе или како резултат на високите температури, туку се предизвикани од човечки фактор.

Подарени и наследени акции вредни 659 илјади евра: Стопанска и Комерцијална банка доминираат во нетрговските трансфери

Минатата недела преку нетрговски трансфери – подарување или наследство – беа пренесени 4 778 акции со вкупна проценета вредност над 659 000 евра, покажува евиденцијата на Централниот депозитар за хартии од вредност.
Go toTop