Томовски: Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели

September 30, 2024
1 min read

Денес остварив координативна средба со претставници на кабинетот на претседателот на Влада, кабинетот на министерот за добро владеење, министерство за финансии, министерство за внатрешни работии министерството за енергетика и рударство, напиша на Фејсбук директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Носиме решенија за единствен регистар на возила и истите да добијат соодветни таблици, односно таблици во боја како службените возила лесно би се идентификувале. За тоа е потребна и интервенција во законот која ќе биде направена. Целта е да се направи полесно следење на употребата на службените ресурси и да се зголеми транспарентноста при користењето на заедничките добра, како и воспоставување на механизам за заштита од можна злоупотреба. Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели. Посветено исполнуваме уште едно ветување, истакна Томовски

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неизвесно формирање влада во Австрија

Следно

Унгарија и Словачка се единствени од ЕУ, што не се на листата непријателски земји на Русија, Македонија е меѓу непријателските

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop