Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДС, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

December 7, 2025
2 mins read

„Од месечината се гледа дека соопштенијата и пресовите на СДС ги пишува некој со длабоки фрустрации – тотално безидеен, доволно лукративен и алчен, но истовремено уплашен и исполнет со внатрешен страв. Јасно е дека сега најдобриот ученик на Заев, Филипче, мора да ја исполни задачата: да го пополни просторот и да не се говори за златните визи, тајните сметки и бизнисите во Дубаи.

Тактиката во која крадецот вели „држте го крадецот“ е стратегија својствена за човек облеан во стравови, морално руиниран и без елементарна почит – барем кон самиот себе. Таквиот прототип на политичар е подготвен, дури и по цена на угледот на сопствените деца и најблиските, да стигне до целта“, објави Ивица Томовски, Директор на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР).

Од месечината се гледа дека соопштенијата и пресовите на СДСМ ги пишува некој со длабоки фрустрации – тотално безидеен,…

Posted by Ivica Tomovski on Недела, 7 декември 2025

„Од оваа партија два дена повторуваат: „не се извинуваме на криминалци“. Да бидам искрен, знаејќи од каде доаѓа сето ова, и од стравот и фрустрираноста на ваквите „тастатура-политичари“, не ни очекував извинување. Затоа што, за да го направат тоа, е потребно образ, храброст и морален дигнитет – нешто што одамна е докажано дека го нема ниту Заев, ниту неговиот најдобар ученик со најлоши навики – Венко Филипче. Затоа што, ако имаа барем дел од тоа, прв Филипче ќе се извинеше за Заев, кој од Дубаи, освен што командува партија и бизниси, пишува и соопштенија.

Едниот објавуваше „бомби“ – разговори. Другиов, наследникот, објавува пуфки и прскалки што треба да разнесат пердуви, по што човек тешко може да се објасни. Тоа е облакот во кој јавноста треба да поверува дека „сите се исти“, дури и тогаш кога разликата е над двесте илјади гласови – колку што беше разликата со која загубија на последните избори, доказ дека се маргинализирана и од народот заборавена партија.

А сега малку за вистината: јас не сум сопственик, не приходувам и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не чув каков криминал сум направил, ниту пак видов докази за тоа. Во тоа нивно растурање пердуви, вчера жигосаа уште една домашна компанија која не е моја, а денес јавно го објавија мојот телефонски број – број кој е познат на сите кои ме познаваат, кој го имам со години и кој е единствениот број што го поседувам, доделен пред многу години од мојот татко. На истиот тој број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Затоа уште еднаш повторувам: ќе одговараат, и следува тужба. „Јака“ работа завршил антикорупцискиот тим на СДС – го нашле мојот број што сите го знаат и е на мое име.

Кога сме кај тендерите, не сфаќам зошто е „криминал“ фирма која не е моја да учествува и победи на тендер, а не беше криминал кога фирмите на Заев, додека тој беше премиер, учествуваа и победуваа на тендери; кога вицепремиерот на неговата влада му гради модуларни болници на министерот за здравство Венко Филипче; и кога владата на премиер од СДС на сопствената сопруга ѝ доделуваше земјиште и лиценца за фотоволтаици.

Ако ваквото, би рекол ниско и уличарско толкување на политиката е нивниот најсилен адут, убеден сум дека на следните избори партијата на Заев, со Филипче како изведувач, ќе биде и под најслабата бројка што ја добија на последните избори. Знам дека прашањата за честа и моралот нема да ги разберат – тоа тешко им оди. Но ако тие се такви, другите не се.

Криминалот нема моќ пред човек со образ и држава со закон. Институциите треба да ја сработат својата работа“, наведе во својот старус Томовски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамбургер поуспешен во „голеадата“ од Вердер

Следно

Марк Гуеи му донесе победа на Палас кај Фулам (ВИДЕО)

Latest from Blog

Германија иницира формирање центри за враќање мигранти во трети земји

Според германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринд, работната група, во која, покрај Германија, ќе учествуваат и Австрија, Данска, Грција, Холандија, како и Европската комисија, ќе треба да изготви план со „иновативни

Арсенал со 20 милиони евра и дефинитивно тргнува по несудениот македонски репрезентативец!

ФОТО: FK Crvena zvezda/FB Мега – талентот на Ц. Звезда, Василије Костов, иако има само 17 години е пик на речиси сите поголеми клубови во Европа. Несудениот македонски репрезентативец, детето кое по

Божиновска од СЕУ „Михајло Пупин“: Инвестициите во стручното образование се инвестиции во енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го посети Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, каде што се запозна со условите во кои учениците се обучуваат за идните професии во

One Macedonia доби официјална лиценца, со што започнува значаен пресврт во дигиталната иднина на Северна Македонија

(Скопје, 23.01.2026) – One Macedonia, подружница на унгарската 4iG Групација, официјално ја доби националната лиценца за работа како трет мобилен оператор во земјата. Лиценцата денеска свечено беше врачена на церемонија организирана од Агенција за
Go toTop