„Титаник 3“: Гури и Алими повторно осудени на три и пол години затвор

July 14, 2023
1 min read

Затворски казни од по три години и шест месеци добија Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ од Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал.

Пресудата денеска ја изрече судечки совет на чело со судијката Марија Клетничка-Марковска, а казните се исти како и во првиот судски процес.

Повтореното судење следува по првата првостепена пресуда, но Апелацискиот суд Скопје ја укина таа одлука и го врати случајот на почеток.

И денешната пресуда на Основниот кривичен суд не е правосилна, односно странките имаат право на жалба до Апелација која овој пат ќе треба да одлучи мериторно.

Двајцата првостепено осудени се единствените поистакнати функционери од ДУИ за кои се дојде до пресуда во случаите што ги отвори Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Според нивните генералии што беа прочитани денеска при изрекување на пресудата, Гури во моментов е заменик-управник во УЈП, а Алими државен советник во Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, со кое раководи првиот вицепремиер Артан Груби.

Алими и Гури за „Титаник 3“ добија обвинение во јуни 2017 година за делото уништување изборен материјал – се товареа дека на локалните избори во 2013 година менувале дел од записниците за гласањето во Чаир.

Првото судење започна во март 2018, а до пресуда дојде по две години – на 31 март 2020 година. На затворските казни од три и пол години се жалеа и обвинетите, но и обвинителството кое не беше задоволно од висината на казните.

По повеќе од една година од првостепената одлука, на 28 јули 2021 година, Апелација соопшти дека ја укинува пресудата и го враќа предметот на повторно судење пред Кривичен од што исходот е денешната изречена пресуда.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нани се врати во Европа

Следно

Западен Брег: Петмина Палестинци се повредени во нападите на еврејските доселеници

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop