Тинејџер од Волково тешко повреден при струен удар качен на вагон-цистерна

January 16, 2025
1 min read

Седумнаесетгодишно момче од скопско Волково доживеа струен удар додека било качено на вагон-цистерна . По инцидентот, цистерната се запалила, а момчето било пренесено со возило на Итна помош во Ургентниот центар.

„Денеска во 14:55 часот, 17-годишно момче од Волково, кое било качено на вагон-цистерна, доживеало струен удар, при што вагонот се запалил. Повреденото момче итно е пренесено во Ургентниот центар со возило на Итна помош“, соопштија од МВР.

Причините за несреќата засега не се познати, а истрагата ќе треба да ги открие околностите кои довеле до инцидентот. Во минатото имаше слични случаи на тинејџери кои се качувале на вагони, а некои од нив завршија трагично, кога наводно снимале видеа за ТикТок. Се претпоставува дека и во овој случај може да има слична врска, но тоа ќе го потврди истрагата.

Според извори на Телма, момчето во моментов се наоѓа на Клиничката Агенција за Респираторни Лекувања (КАРЛ) и се бори за живот, поради тешките изгореници што ги претрпело.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„За десетина дена пуштени во употреба 42 километри експресни патишта, во фокус на Владата се и лицата со попреченост кои рамноправно ќе бидат дел од дигиталното општество“

Следно

Тошковски за личните карти: Ќе важат затоа што законот е таков, експертите политичари не го смениле!

Latest from Blog

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и

Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа
Go toTop