Тијаго Алкантара се враќа дома?

July 13, 2023
1 min read

Тијаго Алкантара одби неколку понуди од Саудиска Арабија, како и една од Турција (Галатасарај) покажувајќи ја лојалноста кон Ливерпул со желбата да ја одработи и последната година од договорот со англискиот гигант. Сепак, шпанскиот ас сега го очекува најголем тест на лојалноста откако во трката за негов трансфер се вклучи и Барселона, клубот каде што овој фудбалски генијалец ја почна својата кариера.

Чави е во потрага по дополнително засилување за средниот ред по ангажманот на Гундоган, Бернардо Силва е прескапа опција, но затоа Тијаго делува како идеално решение. Шпанскиот плејмејкер има само една година од договорот со Ливерпул и би бил достапен за околу 15 милиони евра, а „црвените“ без многу размислување би го продале за да не ризикуваат тој следното лето да си замине без никаква отштета од клубот.

Пресудна сепак ќе биде желбата на самиот фудбалер, кој се уште не одговорил на првичниот интерес на Чави и на каталонскиот гигант. Тијаго својата кариера ја почна во младинската школа на Барса, каде преку Б екипата во 2009 конечно доби шанса и во првиот тим на каталонскиот гигант. Враќање назад во клубот каде ги направил првите чекори би било совршен крај за многу фудбалски асови, но 32-годишниот Тијаго се уште нема донесено конечна одлука на оваа тема.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

“Babylon” dhe “Fatal Attraction”: Tituj që duhen parë këtë verë në SkyShowtime

Следно

Костадиновска-Стојчевска на отворањето на „Охридско лето“: Без уметноста, животот би бил неподнослива празнина

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop