Тешка состојбата на 14 повредени во пожарот во Кочани што се на лекување во Бугарија

March 17, 2025
1 min read

СОФИЈА (АА) – Повредените лица во пожарот што избувна во дискотека во Кочани, Северна Македонија, кои се на лекување во Бугарија се во тешка состојба, јавува Анадолу.

Во пожарот, кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани во 03:00 часот изутрина по локално време на 16 март, загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Со воен авион и амбулантни возила четиринаесет од нив беа транспортирани на лекување во Бугарија.

Осуммина од повредените се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во главниот град Софија, а другите се лекуваат во Пловдив и Варна.

Директорот на болницата „Пирогов“, Валентин Димитров, изјави дека состојбата на осуммина пациенти на возраст од 15 до 31 година е критична и сите се наоѓаат на интензивна нега.

Димитров додаде дека и повредените што се лекуваат во Пловдив и Варна се во тешка состојба, а истакна и дека десетици граѓани во Софија учествувале во акцијата за дарување крв за повредените.

Бугарскиот премиер Росен Жељазков во изјавата за медиумите изрази сочувство до семејствата на младите што ги загубија животите во пожарот во Кочани.

Тој објави дека на 18 март е прогласен ден на жалост во земјата и нагласи дека Бугарија е со својот сосед во овие тешки моменти и подготвена е да обезбеди секаква помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Следните денови утрински температури под нулата

Следно

Новицки: Секогаш ќе бидам дел од Далас, но размената на Дончиќ ме многу ме погоди

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop