Тешка сообраќајка во Кичево: 17-годишен мотоциклист почина на пат кон скопска клиника

July 5, 2025
1 min read

На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“  и „Мирко Милески“, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското село Стрелци и моторцикл „Хамачи“, управуван од 17 годишно момче од Кичево. Моторциклистот, со тешки телесни повреди бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје но при транспортот им подлегнал на повредите а доктор од Итната медицинска помош, констатирал смрт. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, врз телото на моторциклистот, ќе биде извршена обдукција.

Фото: Архива

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемен сообраќај на патиштата, кратки застои на граници и нови ограничувања за камионите

Следно

Во израелски напади во Газа врз шатори и училишта-засолништа убиени 21 Палестинец

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop