Терористите на ПКК/ЈПГ, кои се поддржани од САД, продолжуваат со киднапирањата и злоупотребата на деца

4 mins read

АНКАРА (АА) – Терористичката организација ПКК/ЈПГ, која е поддржана од Соединетите Американски Држави (САД), продолжува да регрутира деца киднапирајќи ги, притоа кршејќи многубројни меѓународни конвенции и прописи. Голем број од овие деца ги губат своите животи во обид да избегаат, поради самоубиства или во зоните на судири, јавува Анадолу.

ПКК/ЈПГ, која е поддржана од САД, продолжува да регрутира деца помали од 18 години и покрај тоа што таквата практика е во спротивност со меѓународните закони, особено се коси со Конвенцијата на Обединетите нации (ОН) за правата на децата.

Иако помеѓу ОН и водачот на ПКК/ЈПГ, Ферхат Абди Шахин, со кодно име Мазлум Абди, во јуни 2019 година е потпишан документ за „пуштање на децата (кои дејствуваат во рамките на терористичката организација) и тие да не учествуваат во вооружени судири, оваа терористичка организација продолжува да ги користи децата за своите интереси на секое поле.

Според информациите до кои дојде новинарот на АА од безбедносни извори, просечна возраст на децата во оваа терористичка организација е 15 години.

– Намалување на бројот на доброволци –

Поради намалувањето на бројот на доброволци во последните години, терористичката организација настојува да ја дополни настанатата празнина токму со поголемо ангажирање на децата.

Помалите деца се регрутираат во терористичката организација по пат на измама, киднапирање и под присила, а терористите им ветуваат плати на децата и на нивните семејства што се соочуваат со економски тешкотии во Ирак и Сирија.

ПКК/ЈПГ, која е поддржана од САД, регрутира деца од семејствата што не ја плаќаат или не можат да ја плаќаат т.н. „даночна обврска“ и се обидуваат да обезбедат барем едно лице од секое семејство да се вклучи во терористичката организација во вид „задолжително отслужување воен рок“.

Групата „Револуционерна младина“, со која раководи персоналот на терористичката организација во Сирија, исто така, со насилни приведувања и киднапирања се обидува да обезбеди учество на децата во редовите на терористичката организација.

– Сексуална злоупотреба –

Терористите, исто така, сексуално ги злоупотребуваат девојките помлади од 18 години. Досега голем број девојки ги загубија животите во обид за бегство од камповите, поради самоубиство или болест.

Обуката што терористичката организација им ја наметнува на децата трае околу девет месеци, а за да се избегнат проблеми по основа на меѓународните права, децата што ја следат обуката се регистрирани под други имиња и податоци за идентитет.

– Центар за обука –

Некои од децата што терористичката организација ги киднапирала се однесени во ирачките региони Кандил и Синџар.

Исто така, некои од центрите за обука во Сирија се: Младински центар (Тел Рифат), Гелхат академија (Ан-Наширивах), Логистички штаб (Ком Афтар), Идеолошки едукативен центар за деца (Ајн ел Араб), Детски баталјон (Тел Темир / провинција Хасака), Образовен центар Тел Мозан (Амуде / Хасака), Центар за задолжителна регрутација (Кахтанија / Хасака), Детски идеолошки едукативен центар (Маликије / Хасака), Младински баталјон Ајн (Ајн ал-Хадра) и Академија за саботажа (Гир Кендал / Хасака).

– Реакции за локалното население –

Присилното регрутирање деца од страна на ПКК/ЈПГ неодамна предизвика сериозни реакции меѓу луѓето во регионот во Сирија, а граѓаните дури организираа и демонстрации. Терористичката организација насилно ги сузби овие реакции.

Некои семејства, чии деца се регрутирани, апелираа до меѓународните организации и побараа од нив да ѝ се обратат на терористичката организација за да ги добијат назад своите деца.

Некои меѓународни организации контактираа со ПКК/ЈПГ, која во Сирија го користи името СДГ (СДФ), и побараа децата да бидат вратени на своите семејства.

– Меѓународни извештаи –

Прашањето за регрутирање деца од страна на терористичката организација е тема во голем број меѓународни извештаи.

Во „Извештајот за трговијата со луѓе“ на американската Влада од 2016 година се нагласува дека „сирискиот огранок на ПКК, ПЈД/ЈПГ, продолжува да регрутира и да користи момчиња и девојчиња, вклучително и деца помлади од 15 години, како членови на организацијата и ги носи во кампови за обука“.

Во извештајот на Државната канцеларија за демократија и човекови права на американското Министерството за човекови права од 2014 година, под наслов „Деца војници“, се наведува дека „ПКК редовно регрутира деца и дека не се знае уште колку деца војници има во редовите на ПКК“.

Во извештајот под наслов „Децата и вооружените судири“, кој генералниот секретар на ОН го поднесе до Советот за безбедност во јуни 2015 година, се наведува оти е „утврдено дека девојчиња и момчиња помлади од 15 години се регрутирани од страна на ЈПГ/ЈПЏ и се користат во воените зони“.

Во извештајот „Децата и вооружените судири“, кој ОН го објави во јуни 2023 година, се наоѓаат податоци за „деца регрутирани, убиени или ранети“ во зоните на судири во 2022 година.

„На подрачјето на Ирак и Сирија организацијата во 2022 година регрутираше 696 деца што се користени на контролните пунктови и во судирите, а изразуваме загриженост поради растот на случаите на регрутирање и користење на децата од страна на ПКК/ЈПГ/СДГ“.

– Иницијативи на УНИЦЕФ –

Во соопштението на Организацијата на ОН за заштита на деца УНИЦЕФ од 2014 година се наведува дека „УНЦЕФ е длабоко загрижен поради веста дека децата се наоѓаат во редовите на ПКК што меѓународната заедница ја смета за терористичка организација. Користењето на децата од страна на вооружените сили и терористичките групи е во спротивност со меѓународното право“.

Уште се наведува дека за време на состанокот на претставникот на УНИЦЕФ за Сирија со членовите на организацијата во 2022 година примиле многу обвинувања од семејствата што живеат во регионите на терористичката организација, дека таа организација ги приведува нивните деца и ги праќа во зоните на судири под изговор на т.н. „регрутација“.

Во соопштението се наведува дека помеѓу УНИЦЕФ и ПКК/ЈПГ постои протокол за „изземање на малолетните деца од регрутација“ и дека е најавено оти ќе се применува меѓународна казнена постапка доколку се продолжи со кршење на споменатиот протокол.

Во извештајот од јуни 2014 година меѓународната организација „Хјуман Рајтс Воч“, исто така, наведе дека „ЈПГ регрутира деца“.

– ПКК на листата на терористички организации –

ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и во САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија над 40.000 луѓе. ЈПГ е огранок на терористичката организација ПКК што дејствува во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Во Скопје одбележан 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците

Следно

Премиерот Ковачевски ќе ја отвори фотоволтаичната централа во Новаци, најголема во Западен Балкан

Latest from Blog