Тепиќ и Милошевиќ го прекинаа штрајкот со глад, за Вучиќ сето ова го измислиле за да се прават херои, власта да е виновна

December 31, 2023
1 min read

Тие го започнаа штрајкот со глад веднаш по денот на изборите, 17 декември годинава, поради, како што изјавија, изборните нерегуларности

Јелена Милошевиќ од Партијата на слободата и правдата го прекинала штрајкот со глад откако лекарите во Ниш, врз основа на резултатите од прегледот, заклучија дека продолжувањето на штрајкот може да доведе до оштетување на органите, пренесува Н1.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Милошевиќ од болничкиот кревет изјавила дека опозицијата успеала и очекува повторување на изборите.

И Мариника Тепиќ по 12 дена го прекина штрајкот со глад. Таа во саботата се обрати пред толпата на протестот „ПроГлас“ во Белград кај фонтаната Теразие, по што беше хоспитализирана. Претседателот на Партијата на слободата и правдата денеска соопшти дека Тепиќ е добро, дека прима инфузија и дека полека почнува да конзумира храна.

Тие го започнаа штрајкот со глад веднаш по денот на изборите, 17 декември годинава, поради, како што изјавија, изборните нерегуларности.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва зборуваше за штрајкот со глад на Мариника Тепиќ.

„Ме послуша Мариника, го прекина штрајкот со глад. Се измислија за малку да се прават херои, за малку владата да е виновна, се е во ред. Можете да ме гоните за што сакате, но нема да ме исплашите. Запомнете ми ги зборовите, нема да можат да ги обојат тие бели линии по патиштата, а камо ли училиштата. Инаку, децата одат во најмодерното училиште во Сјеница, а потоа ме прашуваат зошто ме сакаат Бошњаците“,

рече Вучиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицковски: Единствена надеж во 2024 ни е постоечките да изгубат, оѓин да ги изгоре и никад да не се повториле

Следно

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop