Телефонските и интернет-услугите во Газа постепено се враќаат по прекинот поради нападите

November 6, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Телефонските и интернет-услугите денес почнаа постепено да се враќаат во Појасот Газа, соопшти палестинската телекомуникациска компанија „Палтел“, јавува Анадолу.

„Комуникациските услуги постепено се враќаат во различни подрачја на Појасот Газа откако беа отсечени од израелска страна“, се наведува во соопштението на компанијата.

Услугите беа прекинати вчера (недела), што е трет таков прекин од избувнувањето на конфликтот во Газа на 7 октомври.

Израелската војска започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Најмалку 10.022 Палестинци, од кои 4.104 деца и 2.641 жена, се убиени во израелските бомбардирања врз Појасот Газа. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е речиси 1.600.

Покрај големиот број жртви и масовните раселувања, основните резерви се при крај за 2,3 милиони жители на Газа поради израелската опсада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Америка тивко го наоружува Тајван до заби

Следно

Жена нападната во Чаир од сопругот, свекрвата и золвата!

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop