Технолошките гиганти ја зголемуваат соработката со американската војска

January 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА)

– Толга ЈАНИК / Абдулкадир ЃУНЈОЛ

Истакнати компании во технолошкиот сектор, вклучувајќи ги и Мајкрософт, ОпенАИ и Амазон, ја зголемуваат соработката со армијата на САД на многу полиња, меѓу кои е и кибер безбедноста, пишува Анадолу.

Според информациите до кои дојде новинарот на Анадолу, технолошката компанија Мајкрософт има договор за соработка со американската армија во областа на аугментирани наочари.

Според договорот склучен во 2021 година, Мајкрософт на американската армија ќе ѝ испорача повеќе од 120.000 производи базирани на HoloLens технологијата – наочари за проширена реалност. Вредноста на десетгодишниот договор ќе достигне 21,8 милијарди долари.

Мајкрософт има уште еден договор со Пентагон кој вклучува услуги во сервисот клауд (облак). Министерството за одбрана на САД го одбра Мајкрософт за услугата клауд во 2018 година, а овој договор е повторно ревидиран од страна на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Услугата што армијата ќе ја добие поделена е меѓу Гугл, Амазон, Оракл и Мајкрософт.

Амазон, еден од партнерите на договорот, даде информации за договорот на својата службена веб страница amazon.com, напоменувајќи дека нивната долгогодишна соработка со американската влада е потврда за квалитетот на нивните услуги.

„Како Амазон веб сервис, знаеме дека националната безбедност зависи од способноста на нашата нација на биде во чекор пред нашите конкуренти“, порача Амазон.

– ОпенАИ во студиите за кибер безбедноста поддржана со вештачка интелигенција

Меѓу компаниите кои соработуваат со американската армија е и ОпенАИ, кој стана истакната во светот на технологијата со апликацијата на вештачка интелигенција ChatGPT, развиена последниве години. Во рамките на соработката ќе биде спроведена студија за сајбер безбедност со поддршка на вештачка интелигенција.

Политиката на користењето на ChatGPT ја вклучуваше и клаузулата во која се наведуваше дека апликацијата нема да се користи во воени цели. Изразот „не може да се користи во воени цели“ дополнително е отстранет. Официјалните претставници на компанијата рекоа дека целта на измената на релевантниот член била да се овозможат случаи на воена употреба што компанијата ги прифаќа.

Оваа измена во политиката на компанијата некои експерти ја толкуваат како индикација дека компанијата е отворена за соработка со воени клиенти.

– Повеќе од 180.000 припадници на американската армија користат Гугл Воркспејс

Уште еден технолошки гигант со кој американската армија соработува е Гугл. Иако компанијата се истакнува со својот пребарувач, нуди и широк спектар на технолошки решенија, од услуги на клауд до провајдер на електронска пошта.

Во рамките на соработката на компанијата со американската армија, војската ефективно ја користи платформата Гугл Воркспејс, која нуди различни алатки за соработка преку технологијата клауд. Според минатогодишните податоци, во рамките на соработката со американската армија, Гугл Воркспејс го користеле повеќе од 180.000 корисници.

„Возбудени сме поради нашето партнерство со американската армија и со нетрпение чекаме да го најавиме уште поголемиот развој во иднина“, соопштија од компанијата Гугл.

Технолошките гиганти заработуваат милијарди долари од договорите со американската армија и други владини институции во САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Талис: АфД го користи незадоволството на Германија, но мнозинството е против „Дегзит“

Следно

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен ги потресе западните делови на Туркије

Latest from Blog

Заврши изборната кампања пред утрешните парламентарни избори во Албанија

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа на неделните парламентарни избори, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања. Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама,

Денвер Нагетс во продолжение ја совлада Оклахома Сити Тандер и поведе со 2-1 во плејофот на НБА

ИСТАНБУЛ (АА) – Во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Денвер Нагетс на домашен терен ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113-104 во продолжението и поведе со 2-1 во серијата, известува

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во

Во изминатите пет години, преку „Генералка викенд“ се собрани над 1.000 тони отпад

Започна новото издание на „Генералка викенд“ – иницијатива за масовно чистење на отпадот што несовесни граѓани го оставаат низ природата. Илјадници волонтери од сите општини низ земјата се вклучени во акцијата, која

Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време. На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните
Go toTop