ТАЖНА ВЕСТ: Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

February 3, 2023
2 mins read

Со огромно жалење ве известуваме дека по кратко боледување денеска почина нашиот почитуван основач и претседател Гоце Камчев, информираат од КАМ маркети.

Тажната вест ја пренесуваме во целост:

Гоце Камчев беше еден од најуспешните визионери и менаџери во нашата земја и остави зад себе компанија која е меѓу најуспешните во регионот. Целото искуство, знаење и вештини, стекнати во текот на школувањето и работата со познати компании од земјата и од странство, несебично ги пренесуваше и споделуваше со вработените, кои го препознаваа како голем учител, неуморен пренесувач на знаења. Истовремено беше насочен и кон раст и развој и на нашата држава, а успешна Македонија беше една од неговите цели.
– Во мојот живот три работи ми беа и ми останаа важни – семејството, работата и мојот народ – знаеше да каже.

Камчев е основач на повеќе компании во областа на трговијата, производство, земјоделство, угостителство и недвижности. Компаниите што ги изгради кои се дел од „Камчев груп“ во моментов вработуваат над 1.800 лица и придонесуваат за развојот и добробитта на целокупното општество. „КАМ“ трета година е меѓу најголемите 10 компании во земјава, која во текот на минатата година реализира приход над 273 милиони евра. На нас останува да го негуваме споменот и да ја продолжиме неговата визија.

Гоце Камчев е роден на 28 април 1945 година во Скопје и потекнува од релативно сиромашно работничко семејство. Уште од средното училиште се насочува кон економијата, а потоа образованието го продолжува и на Економскиот факултет во Скопје. Подоцна завршува и постдипломски студии од областа на економскиот развој. Во текот на своето образование континуирано ја негува својата желба за учење, читање и знаење.

Во текот на својата долга кариера работел на високи позиции во Комерцијална банка, дрвна индустрија „Треска“, „Македонија табак“, „Магро“… Меѓу неговите успеси се и рекордните извози на македонско вино на странските пазари. Како претставник на „Магро“ со семејството заминува во Германија, каде што создава важни контакти и го надградува своето искуство.

На 45-годишна возраст Гоце Камчев е подложен на операција на срцето, по што лекарите му советуваат да се пензионира. Наместо пензија, тој почнува нова етапа од својата кариера.

Во 1990 година ја основа компанијата „Интеркам“, еден од првите дистрибутери во Македонија. Во малопродажниот сектор влегува во 1995 година кога ја основа компанијата „Камфуд“, чиј прв современ супермаркет беше отворен во Градскиот трговски центар во Скопје на површина од 1000 квадратни метри.

Инспириран од германскиот синџир „Алди“, Камчев се насочува кон принципот „хард дисконт“ и го основа „КАМ“ во 1999 година, компанија која континуирано расте и се развива, па денес покрај 76-те маркети во Македонија, присутна е и во Косово со 23 маркети и во Бугарија со 24 маркети. Преку „КАМ маркет“ тој ја реализира својата визија да обезбеди поквалитетен, а поевтин производ со цел да им излезе во пресрет на граѓаните.

– Придонесовме за куповната моќ на нашите граѓани и тоа го гледаме како наш најхуман придонес во нашето постоење – велеше Камчев.

Дел од неговото портфолио се и забавно-трговскиот центар „Вилиџ Вања Камчев“, хотел „Вилиџ“, два трговски центри во Скопје и во Битола, како и најголемиот логистички центар во земјава, кој е дел од „КАМ маркет“. Во својата богата и плодна кариера Камчев инвестрираше и во фабриката за производство на кондиторски производи „Прогрес“, сегашно „Виго-48“, и фармата „Сточарство во Богданци“.

Семејството и пријателите ќе се збогуваат од Гоце Камчев в недела 5 февруари 2023 година. Неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капела во 12 часот, додека погребот ќе се одржи во 14 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блумберг: Турција би можела во март да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО

Следно

Почнаа номинациите за Жена претприемач од Западен Балкан за 2022 година

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop