Таравари: За мое разрешување потребни се 2/3 од гласовите

February 10, 2024
1 min read

Шефот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, ден пред седницата на Централното собрание изјави дека нема да биде чудно доколку на оваа средба се одлучи да биде разрешен. Таравари во интервју за Алсат вели дека ова е игра на ДУИ.

„Нека го направат сценариото за кое веќе се сомневам дека е игра на ДУИ. Нека донесат одлука. Реков, за да се разреши претседателот на партијата, потребни се 2/3 од гласовите, но и тоа може да се случи. Може да се инсистира на разрешување, но тоа не ја менува работата. Мислам дека гласачот на Алијансата за Албанците, поддржувачот, искрениот член на АА е на страната што ќе ја направи финалната битка против ДУИ“, рече Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците.

Случувањата во АА, според Таравари, следуваат откако тој го информирал првиот човек на ДУИ Али Ахмети за можна соработка со опозицијата. Шефот на АА, кој беше обвинет дека е лажен лидер кој ги заобиколува органите на партијата, по неговиот статус за соработка со опозицијата, рече дека има право да го каже своето мислење.

„Сите овие настани во Алијансата за Албанците се случија, за жал, по средбата што ја имав со Али Ахмети на која му кажав дека сме решени сами да одиме на избори или да одиме заедно со опозицијата. И утредента напишав статус дека како партиски лидер имам право да се изјаснам и веднаш лута и ненормална реакција од претседателот на Собранието со некои луѓе кои се собраа и побараа моја оставка, зошто лидерот на партијата го кажа своето мислење на социјалните мрежи“, нагласи Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците.

Таравари за Алсат зборуваше и за евентуалната одлука на судот за случајот со претседателството на АА. Тој рече дека ќе прифати каква и да е одлуката.

„Довербата во судовите е многу мала, но без разлика, ќе ја почитувам секоја судска одлука. Мислам дека ниту печатите, ниту канцелариите, ниту автомобилите не прават партија, бидејќи имаме партии кои имаат многу канцеларии, автомобили и печати, но кога ќе излезат на гласање добиваат малку гласови. Мислам дека партијата ја прави народот, ја прави идеалот, ја прават каузите и сето тоа ги имаме како Алијанса за Албанците и мислам дека ќе ја имаме безрезервната поддршка од граѓаните Албанци, особено“, додаде Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците.

Претседателот на АА смета дека има поддршка од над 60 отсто од членовите на собранието на Алијансата за Албанците, ограноците и подограноците./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве како Анастасија ослабела 20 килограми: Со години јадела хамбургери и чипсови, а потоа пресекла – ова е тајната на нејзината витка линија

Следно

Приведени 54 осомничени во истрагата по нападот на судот во Истанбул

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop