Таравари: Во основата на мојата програма се уставните измени и отстранување на формулација од 20%

March 3, 2024
1 min read

Претседателскиот кандидат на коалицијата СЕСП Арбен Таравари на промотивната конвенција во Гостивар порача дека ќе биде претседател на народот и ќе се залага да биде претседател на Македонците, Албанците, Турците и на сите етникуми во државата.

„Основата на мојата програма се уставните измени, бидејќи тие се наш услов да продолжиме на европскиот пат и кога ќе се отвори уставот, ограничкувачкиот термин за Албанците треба да се отстрани, бидејќи ние сме државовторци и време е да бидеме  со нашето име во уставот. Претседателот треба да биде изгласан во собранието и со тоа ќе имаме вистинска можност да  избереме претседателот Албанец“, рече Арбен Таравари, кандидат за претседател.

Кандидатот Таравари рече дека вклучувањето на бугарското и другите малцинства во уставот е задолжително и тоа ќе се реализира многу брзо по формирањето на новата влада, во која, според него, ќе биде и ЕСП. Таравари во својот говор рече дека ќе биде посветен и на слободата на медиумите и говорот.

Во својот говор, лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, рече дека политичката структура на ДУИ, удобно во фотелјите на власта, е премногу поврзана со руските и српските олигарси и бизнисмени, .Тој рече дека ДУИ го отворила патот за Сергеј Лавров, во време кога светот се сврте против Русија. Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами рече дека сме пред политички пресврт, кој е видлив . Лидерот на партијата Алтернатива, Африм Гаши, рече дека е потребна победа со 120.000 гласови, а претставникот на Движењето Самоопределување, Беким Ќоку, рече дека коалицијата ЕСП се залага за демократија, против корупцијата и кражбите. На промотивната конвенција говореше и Нора Таравари, сопругата на претседателскиот кандидат, која рече дека Арбен Таравари е човек посветен на семејството./Алсат.мк

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Затвореници криеле дрога и пари во шкафче во прилепскиот затвор и викендичка

Следно

Брус Ли исчезна од Мостар (ФОТО)

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни
Go toTop