Таравари се вакцинираше против сезонски грип, антиваксерството во иднина ќе биде казниво со закон

October 24, 2024
1 min read

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска прими вакцина против сезонски грип. Во изјава за медиумите при посета на Институтот за јавно здравје Таравари рече дека превентивата е најдобар начин за заштита од сезонскиот грип особено за здравствените работници.

Досега, како што изјави, вакцинирани се околу 10.000 граѓани, а пријавени се околу 52.000 граѓани кои може да се вакцинираат во 36 пункта низ државата.

– Има посебна апликација vakcinacija. mk на која може да се пријават сите граѓани. Досега се пријавени 52.000 граѓани кои треба да примат вакцина низ 36 пункта во државата. Ја користам приликата да ги повикам сите граѓани особено оние кои се во ранливите категории да ја примат оваа вакција бидејќи со тоа се оневозможува да се појават компликации особено кај повозрасни луѓе кои имаат и други коморбидитети, рече Таравари.

Набавени се околу 70.000 вакцини за сезонски грип, а вакцинацијата е веќе почната. Во Институтот за јавно здравје може да се вакцинираат здравствените работници, а таму се формирани и мобилни тимпови кои од денес ќе одат по здравствените установи.

– Ова го правиме од три причини – да им олесниме на здравствените работници, да ја зголемиме бројката на вакцинирани и да бидеме поефикасни, да завршиме побрзо и ИЈЗ да продолжи со вакцинација и на останатите граѓани во ИЈЗ, изјави директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андонова.

Од Министерството за здравство најавуваат дека во ноември или декември ќе промовираат стратегија за вакцинација во која ќе бидат наведени и законските чекори што можат да ги преземат во однос на активаксерството.

– За жал, антиваксерсрството не само во Македонија, туку и во светски рамки зема се поголем замав. Со Светската здравствена органзиација подготвуваме стратегија за вакцинација и се надевам во ноември или почеток на декември ќе ја промовираме и ќе кажеме законски што можеме да преземеме на овој план, рече Таравари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: Мислам дека од декември ќе ги започнеме уставните измени

Следно

Николоски до Димитров, Заев и Шеќеринска: Зошто не направивте и со Бугарија договор како Преспанскиот?

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop