Таравари: Посакувам успех за „Влен“, АА на локалните избори оди со свои листи

April 30, 2025
1 min read

Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиуми рече дека се радува што „Влен“ се обедини, а како Алијанса за Албанците ќе излезеле со нивни сопствени листи на локалните избори и најверојатно со кандидати за градоначалници. Таравари рече и дека не е за предвремени парламентарни избори.

„Вчера „Влен“ се обедини, им посакувам многу успех. Многу се радувам што се споија трите партии. Подобро една партија, отколку три партии. Им посакувам успех на изборите. Ние, како Алијанса, ќе излеземе со наши сопствени листи и најверојатно и со наши кандидати за градоначалници“, одговори Таравари на новинарско прашање.

Прашан дали тоа значи дека Алијанса не е дел повеќе од „Влен“ и дали петте нејзини пратеници ќе го известат собранискиот претседател Африм Гаши дека ќе дејствуваат како посебна пратеничка група, тој рече дека немало донесено таква одлука.

„Засега, немаме таква одлука. Меѓутоа, ако се иницира, без разлика, ние имаме пет наши пратеници, тие ќе продолжат како пратеничка група, „Влен“ ќе си има своја пратеничка група“, одговори Таравари.

Тој рече дека веќе кажал оти не е за предвремени избори, а таков став имала и партијата. 

– Има стабилно мнозинство, без разлика дали сме ние во влада, или не сме во влада. Јас сметам дека треба да има локални избори. Сите ние како политички партии ни е важно да излеземе со што подобри резултати на тие избори и таа ни е целта – да победиме во што повеќе општини, каде што ќе можеме, нормално, додаде Таравари.

Тој повтори дека штом премиерот Христијан Мицкоски се врати од Шпанија, ќе имаат состанок. Не знаеше да каже кога точно, но, нагласи, во комуникација се со премиерот. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Формирана меѓупартиската парламентарна група за следење на имплементацијата на обврските од берлинскиот процес и реформската агенда од планот за раст

Следно

„Доматот не е веќе ни за кечап“ – Апаратурата е неисправна, увозниците чекаат на граница

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop